Како правилно да ги испланирате целите за да ги остварите во новата година?

Најчесто луѓето ја завршуваат годината со желби за подобра наредна година и веруваат дека во новата година ќе свртат нов лист и ќе почнат од почеток.

kako-pravilno-da-gi-isplanirate-celite-i-da-gi-ostvarite-vo-novata-godina-01.jpg

Се даваат ветувања и се кројат амбициозни планови за успех и остварување на целите.

Но, многу е важно правилно да го направите овој план со цел навистина да има ефект во новата година.

Треба вистински да се фокусирате на целите и на правилен начин да ги посакувате, замислувате и остварувате.

Земете лист и пенкало и почнете да се водите по следниве совети:

Најдете ги вистинските цели

Пред сè, за да ги формулирате вашите желби и планови, треба внимателно да го изанализирате животот и да видите што ви треба. За ова, ќе ви помогне едноставна шема – тркало на животен баланс.

Животот ни е поделен во неколку индивидуални сфери. Кога сите тие се добро развиени, се наоѓаме во состојба на целосна хармонија.

Но, ако некоја од нив пати, веднаш ни се чини дека нешто не е во ред и ни се појавуваат нови проблеми.

Затоа нацртајте и обојте ги сферите за кои сте целосно сигурни. Празните или делумно обоените полиња ќе ви ги отворат очите и ќе сфатите што ви недостига во животот и за што вреди да се борите во новата година.

kako-pravilno-da-gi-isplanirate-celite-i-da-gi-ostvarite-vo-novata-godina-02.jpg

Евалуација на плановите

Многу луѓе нивните желби ги запишуваат на следниов начин: „Сакам да си најдам нова работа и да станам милионер, да си купам авион и да патувам каде сакам…“.

Но, ваша задача не е да напишете писмо за Дедо Мраз, туку да формулирате јасни дела кои можат да се реализираат.

За да ја тестирате адекватноста на желбата и цел, користете ја SMART формулата.

Specific - конкретнo дефинирана
Measurable - мерлива
Achievable - што вреди да се достигне
Relevant - релевантна и одговара на вашите потреби
Timed - поврзана со време

Ако вашата желба ги покрива сите потточки, тогаш можете да си ја запишете и да го планирате остварувањето.

kako-pravilno-da-gi-isplanirate-celite-i-da-gi-ostvarite-vo-novata-godina-03.jpg

Формулирајте ги желбите во сегашно време

Несвесно, привлекувате остварување на желбите доколку ги напишете како да се веќе остварени. Доколку напишете „Јас сакам нова работа“, тогаш ќе продолжите да ја сакате и во новата година и ќе остане само на желба.

Но, ако напишете „Јас имам нова работа“, тогаш веќе имате некаква намера.

Заборавете на „не“

Во формулирањето на целите, избегнувајте да користите негација. Мотивацијата ќе биде поголема ако почнувате да правите нешто, а не ако не правите веќе нешто.

Па така на пример, наместо да напишете „Нема да пушам веќе“, напишете „Водам здрав животен стил“.

Запишете се на хартија

Ако сте од оние кои не сакаат да запишуваат ништо, бидејќи сè си памтат, променете ја оваа навика.

Не можете да запомните сè до најмал детаљ, па затоа земете пенкало и напишете ги сите работи на лист.

Колку поописно ги запишете работите, толку се поголеми шансите за нивно остварување.

kako-pravilno-da-gi-isplanirate-celite-i-da-gi-ostvarite-vo-novata-godina-05.jpg

Не вклучувајте конкретни луѓе во планот

Никој не ви должи ништо, па затоа не вклучувајте други луѓе во вашата листа. Не можете да знаете дека и таа личност го посакува истото што и вие, па затоа не се ограничувајте.

Наместо да напишете дека сакате да се венчате со некого, напишете само дека сте со личноста која ја сакате и не се потпирајте на никого.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg