9 работи и навики од вашето секојдневие што може да ви наштетат
Секојдневно купуваме и користиме производи коишто се креирани за да ни ги олеснат животите. Но, прилично тешко ни е да замислиме како овие навидум нормални производи и нашите навики поврзани со нивното користење може да нè доведат во потенцијална опасност.
Но, реалноста секогаш знае да изненади.
Прочитајте нешто повеќе за секој од овие секојдневни производи и навики коишто ни создаваат повеќе штета отколку корист:
Овошен сок и сушено овошје
Овошниот сок не е здрав напиток бидејќи содржи многу шеќер. Покрај тоа, како и сушеното овошје, содржи и сулфур диоксид, којшто се користи како презерватив за продолжување на рокот на траење.
Луѓето со астма или со осетливост на сулфат треба да ги избегнуваат овие производи. Тие може да доведат до сериозни здравствени проблеми со дишењето, па до загрозувачки алергии опасни по животот.
Совет: За да ги избегнете сулфатите, одбирајте органски производи коишто не содржат презервативи. Органски сушеното овошје нема да трае долго, но доколку го замрзнете можете многу да му го продолжите рокот на траење. Проверете кај вашиот доктор дали сте осетливи на сулфур.
Пакувања за брза храна
Најголем дел од нашата омилена брза храна е спакувана во опаковки коишто имаат обвивка отпорна на мрснотии. Оваа обвивка може да содржи флуоризирани состојки, коишто може да наштетат на растот на ембионот на бебето.
Можни последици на овие состојки се: промена во растот, однесувањето, учењето, намалување на плодноста, нарушување на природните хормони, зголемен холестерол и ризик од рак.
Количеството на флуоризирани состојки коишто ќе ги внесеме во телото зависи од температурата на храната, типот на храната и колку долго таа ќе отстои во опаковката.
Совет: Доколку не можете да се воздржите од брзата храна, обидете се да ја јадете седнати во ресторанот. Секогаш можете да најдете место коешто ќе служи брза храна во чинија.
Пластични шишиња за вода и пластични чаши за патување
Скоро сите шишиња коишто ги користиме секојдневно се направени од поликарбонатна пластика, а таа содржи токсичен индустриски материјал наречен bisphenol-A (BPA). Оваа хемикалија може да влијае на телесните процеси како што се репарирање на клетките, растот, енергијата и репродукцијата.
Количеството на BPA коешто ќе се ослободи зависи од температурата на водата. Колку е таа потопла, толку повеќе од хемикалијата ќе навлезе во вашето тело.
Совет: Консумирајте топли пијалаци од чаши направени од керамика, стакло или порцелан. Доколку ви треба термос за топлиот пијалак, одберете термос од нерѓосувачки челик или од полиетиленска пластика.
Пуканки од микробранова
Колку и да е поразувачки, кесичките за пуканките од микробранова содржат хемиски премаз којшто се распаѓа кога се грее во микробрановата и создава киселина наречена PFOA (perfluorooctanoic). Оваа киселина може потенцијално да предизвика рак.
Уште една хемикалија, диацетил, се наоѓа во путерот во кесичките и може да предизвика респираторни болести доколку сте постојано изложени на неа. Дури има и респираторна болест којашто се нарекува „бели дробови на работник на пуканки“ и се појавува кај вработените во фабриките за пуканки од микробранова, поради постојана изложеност на хемикалијата.
Совет: Доколку сакате пуканки, подгответе ги самите. Сè што ви треба е пченка, тава и рингла.
Крем за сончање
Постојат 2 типа крем за сончање: физички (цинк и титаниум диоксид) и хемиски. Првиот тип ги блокира или ги распрснува сончевите зраци. Вториот тип само предизвикува хемиска реакција која штити од оштетувања на кожата со UVA и UVB зраците.
Некои експерти за токсикологија веруваат дека оксибензонот може да предизвика хормонални нарушувања и да доведе до оштетување на клетките, што може да доведе до рак. Останатите велат дека е безбеден за користење.
Совет: Темата е многу опширна. Доколку не сакате потенцијално токсични хемикалии на вашата кожа, одберете физички крем за сончање. Користете лосиони наместо спреј за да се осигурате дека рамномерно ќе ја нанесете заштитата.
Јадење појадок на работната маса
Можеби мислите дека масата ви е чиста, но на неа има 400 пати повеќе бактерии од штицата на тоалетот.
Само вашата тастатура има 70% повеќе бактерии од штицата на тоалетот. Покрај тоа, јадење на работната маса го зголемува времето коешто го поминувате седејќи на едно место, а седењето со часови го зголемува ризикот од срцеви болести.
Совет: Секогаш пребришувајте ја масата, дури и ако не планирате да јадете. Јадете во кујната или мензата. Ако морате да јадете на работната маса, прво пребришете ја. Осигурајте се дека храната нема да ја допира површината на масата.
Прекрстување на нозете
Безопасната позиција на седење со прекрстени нозе може да направи целиот притисок на крвта да отиде во едното колено. Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од инфаркт.
Исто така, овој начин на седење префрла голем дел од притисокот на зглобовите на колковите и може да доведе до собирање на крвта во нозете и кога вашите вени се напрегнати може да се формира грутка во крвта. Докторите не препорачуваат држење на нозете прекрстени подолго од 10-15 минути.
Совет: Набавете си столче коешто убаво го потпира вашиот грб. Можете да ги држите нозете на подот или да си набавите потпирач на нозете којшто ќе ги држи вашите нозе превиткани под агол малку поголем од 90°.
Доколку постојано ги прекрстувате нозете, потрудете се да станувате почесто и да се движите на секој час. Само мало крукче може да направи голема разлика.
Капки за очи
Ќе се изненадите но капките за очи се на листата на отрови за луѓето коишто сакаат да се осветат на своите непријатели. Капките за очи содржат состојки коишто се познати по нивната способност да ги опуштат или затегнат крвните садови. Ова значи дека тие се безопасни само ако се нанесат на крвните садови на окото.
Доколку се проголтаат треба веднаш да се побара медицинска помош. Може да доведат до забрзано чукање на срцето, мачнина и грчеви.
Совет: Никогаш не ги оставајте капките за очи на места достапни за децата или миленичињата, бидејќи може да ги проголтаат.
Носење гумени кломпи
Според некои доктори, носењето гумени кломпи прави вашите петици да не се во добра положба при одењето. Кога петата е нестабилна, вашите прсти се трудат посилно да се задржат, а тоа доведува до деформитети на прстите на нозете, проблеми со ноктите на нозете, плускавци.
Совет: Во ред е овие кломпи да се носат во кратки временски периоди, како на пример на плажа или во градината.
(О)Милена | Црнобело