Вистински приказни - Утеха за скептиците кои не веруваат дека сè уште постои добрина во светот

Како што годините одминуваат, така сме сè поубедени дека светот станува многу поцрн. Или барем одбираме да ги читаме приказните сместени во категоријата на црна хроника.

vistinski-prikazni-uteha-za-skepticite-koi-ne-veruvaat-deka-se-uste-postoi-dobrina-vo-svetot-001.jpg

Денес решивме да ја погледнеме посветлата и попозитивна страна, која за некое чудо, сепак ја има во изобилие. Само што ние како луѓе знаеме да ја игнорираме.

Ви ја враќаме вербата во добрината и човештвото преку 9 кратки и вистински приказни:

Професорката чие маче штотуку починало

Професорка од Тексас многу тешко ја преживеала загубата на нејзиното маче именувано Блонди. Секое нејзино споменување, ја терало професорката на солзи.

За среќа, нејзините ученици нашле начин како тие солзи да ги претворат во радосници.

Решиле да ѝ подарат букет рози и секако – ново, мало маче. Реакцијата нема цена.

vistinski-prikazni-uteha-za-skepticite-koi-ne-veruvaat-deka-se-uste-postoi-dobrina-vo-svetot-1.jpg

Детенцето кое собирало храна, наместо да учи

Една жена, сопственичка на пекара, неколку дена по ред забележала момче кое секој ден поминувало покрај вратата и на чуварот му поставувало исто прашање: Дали има заостаната храна за фрлање?

Еден ден го прашала момчето зошто бара храна во време кога треба да биде на училиште. Момчето објаснило дека е штотуку доселено од друг град со семејството, кое за жал, нема пари за храна, а не за училиште.

Жената ветила дека семејството ќе може да јаде еднаш дневно во нејзината пекара бесплатно, само ако момчето оди на училиште.

Сега секој ден му помага за пишување на домашните задачи и го испраќа дома со полна кеса храна.

vistinski-prikazni-uteha-za-skepticite-koi-ne-veruvaat-deka-se-uste-postoi-dobrina-vo-svetot-2.jpg

Љубовта кон миленикот се опишува со дела

Случаен минувач ја направил оваа фотка, позади која се крие приказна која ќе ви ги насолзи очите. На неа се 16-годишниот Максимилијан, старо куче и неговиот сопственик Трој. Исто така, има и празна количка за бебе.

Трој и Еди цели 16 години го чувале кучето, на кое му била дијагностицирана неизлечива болест уште додека било мало.

Кога Макс остарел и повеќе не можел да се движи самостојно, Трој и Еди се погрижиле да му ја дадат целата љубов која ја имале за него, па дури и ако тоа се прошетки во блискиот парк во празна количка за бебе.

vistinski-prikazni-uteha-za-skepticite-koi-ne-veruvaat-deka-se-uste-postoi-dobrina-vo-svetot-3.jpg

Дејвид - старецот посветен на новите животи

82-годишниот Дејвид работи како волонтер во детска болница веќе 12 години: тој  ги гушка и топли бебињата, им помага на медицинските сестри и ги поддржува родителите во борбата со предвреме родените бебиња.

Дејвид нуди интензивна човечка нега за семејствата кои минуваат низ тежок период со своите новороденчиња.

vistinski-prikazni-uteha-za-skepticite-koi-ne-veruvaat-deka-se-uste-postoi-dobrina-vo-svetot-4.jpg

Уште 5 приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg