Вистински приказни - Утеха за скептиците кои не веруваат дека сè уште постои добрина во светот
Војничка грижа за малите желки
Секоја година Колумбиската воена морнарица спасува стотици, па дури и илјадници животи на желки-бебиња кои се трудат да запливаат во океанот.
Човекот кој не сакал да ја напушти куќата заради спомен на сопругата
Во 2006-та година во оваа куќа починала сопругата на 71-годишниот Негрил. Условите биле ужасни за живот, а неколку случајни минувачи решиле да помогнат.
Со помош на акција по социјалните мрежи се собрале неколку илјадници евра. Иако Негрил имал опција да се пресели, одбивал да си замине од местото каде починала неговата сопруга.
Затоа, луѓето направиле подвижен дом и го дале својот максимум за негово пристојно уредување.
Гласот на Вини Пу усреќува болни дечиња
Актерот кој го позајмува гласот за Вини Пу, има направено договор со детска фондација, преку кој се јавува на болни дечиња и зборува со гласот на мечето Вини Пу со цел да ги насмевне и расположи.
Зборува со дечиња со аутизам, дечиња кои се затворени во себе и со низок степен на социјализација, но сепак се расположени за разговор со нивниот омилен цртан лик.
Професор доаѓа и му предава на болниот ученик
Една фотка која раскажува цела животна приказна – ученикот е болен од рак, но учителот не престанува секојдневно да доаѓа и да му го предава она што го пропуштил во училиште.
Детенцето кое донело чудно суштество облик на црв
„Еден ден син ми се врати со нешто чудно во раката, личеше на мини црв, но имаше мали ноџиња и опашка. Решивме да го чуваме, а наместо да го вратиме каде што го најде.“
Неколку месеци подоцна сфатиле дека се работи за еден вид на опосум, кој сега е домашно милениче.
М. Д. | Црнобело