Правила кои треба да ги следите ако не сакате да бидете постојано изморени

Динамичниот тек на животот ни го прави секојдневието исполнето со многу обврски кои ни ја црпат енергијата.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-01.jpg

Тоа се случува со поголем број од луѓето, без разлика дали се помлади и повозрасни, па често многумина се будат изморени и немаат сила во текот на денот.

Секако, време за одмор нема, па влегуваме во затворен круг од кој тешко се наоѓа излез.

Сепак, важно е да го слушаме телото и да му го овозможуваме потребниот одмор, а за тоа постојат неколку трикови.

Следете ги овие правила и научете како повеќе да уживате во животот и да се ослободите од уморот:

Правилно будење

Веќе е добро познато дека опцијата „snooze“ е нешто што треба што е можно повеќе да го избегнувате ако сакате да си помогнете во будењето. Откако еднаш ќе го слушнете алармот или пак, некој почне да ве буди, веднаш станете и зафатете се со утрински ритуали.

Без мултитаскинг

Ако мислите дека ќе заштедите повеќе време ако вршите повеќе работи истовремено, се лажете. Со правењето повеќе задачи во исто време се деконцентрирате и го губите вниманието од главните работи кои сте ги започнале, па побрзо си ја трошите енергијата и силата. А, времето, останува исто.

Правете пауза на секој час

Константното работење нема да ви остави вишок енергија до крајот на денот, а сите знаеме колку се изморува телото дури и кога цел ден седи во иста положба. Затоа, добро е ако можете на секој час да правите пауза барем 5-10 минути.

Обидете се во тој период да ги одморите очите од компјутер и телефон и да го раздвижите телото.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-02.jpg

Проветрување на собата

Без да проветрите одвреме-навреме, во собата ќе се насобере јаглерод диоксид во голема количина, што резултира со намалување на концентрацијата и перформансите.

Свежиот воздух пак, може да ви помогне да го „живнете“ телото, па затоа отворајте ги прозорите неколку пати во денот, но и пред спиење за полесен сон.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-03.jpg

Не запаѓајте во рутина

Ништо не истоштува повеќе од монотонија и рутина. Ако мислите дека промената на навиките ќе има само привремен ефект, тогаш внесувајте нови рутини континуирано.

Смислувајте интересни активности секој викенд, правете мали промени во распоредот дома, најдете ново хоби, нов рецепт за ручек итн. Новите импресии не само што помагаат за лачење на допамин во мозокот, туку ја подобрува и меморијата.

Не јадете маснотии за ручек

Мрсната храна не за џабе ја нарекуваме и тешка храна. Се таложи во телото и маснотиите остануваат таму долго време, а тоа води до пасивност. Балансиран оброк ќе ви ја даде потребната енергија без да ви биде тешко во текот на целиот ден.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-04.jpg

Топла купка или сауна

Не го трошете слободното време залудно и посветете се на вашето тело и потреби. Дозволете си топла купка или ако сте во можност, одете во сауна. Ова помага да се ослободите од уморот и стресот, ќе се релаксирате и ќе се чувствувате „како нови“.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-05.jpg

Пешачете пред спиење

Пасивниот одмор пред телевизор или компјутер или работењето до доцните часови нема да ви овозможи соодветен одмор. Свежиот воздух и лесната физичка активност ќе ви помогнат да се ослободите од уморот и стресот, а следното утро да се разбудите одморени. Пешачењето е идеално за таа цел.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-ako-ne-sakate-da-bidete-postojano-izmoreni-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg