Крстозборите нѐ прават попаметни: Митови за нашиот мозок во кои не треба да верувате

 Која страна од мозокот ви е поразвиена, левата или десната? Вистинскиот одговор е ниедна.

6 mitovi za nasiot mozok vo koi verojatno veruvate 1

Прочитајте за да дознаете што вели науката за неколку факти за мозокот за кои не ја знаеме вистината:

1. Поголем мозок значи подобар мозок

Не. Луѓето веруваат дека ние сме најинтелигентните суштества на планетата, но мозоците на слоновите се три пати поголеми од нашите. Така да заборавете на овој факт. Интелигенцијата не зависи од големината на мозокот.

Кога станува збор за мозокот, големината не е најважното нешто. Човечкиот мозок е најкомплицираното нешто во универзумот.

Создаден е од милиони неврони што притоа се поврзани со други неврони, така што нашата интелигенција зависи од многу други фактори пред големината на мозокот.

2. Луѓето имаат развиена десна или лева страна од мозокот

Има некои активности кои бараат повеќе работа од едната или од другата страна на мозокот, меѓутоа за сите активности е потребна работа од двете хемисфери. Нема доказ дека десната страна од мозок е покреативна страна, додека левата е аналитичка.

Митот започнал во 1970 година, кога еден научник кажал дека има многу когнитивни разлики помеѓу хемисферите. Медиумите ја поедноставиле идејата за широката маса и неговото истражување излегло од контрола.

Единствените луѓе на кои левата страна им е поразвиена од десната страна или обратно се оние кои поминале одреден вид операции. Процедурата е многу почеста отколку што мислите и многу од луѓето живеат комплетно нормален живот без когнитивни проблеми.

3. Користиме само 10% од мозокот

Навистина? Тогаш колку проценти користите додека го читате текстот? Целиот мозок можеби не е активен секоја секунда од денот, но ако сакате да дишете, да спиете, да јадете и да ја дигестирате храната, ви треба целиот мозок.

Модерните техники на снимање на мозокот ни имаат дадено слики како изгледа кога целиот мозок е во акција, што би требало целосно да го избрише митот за користењето на 10% од мозокот.

Но оваа легенда постои веќе со години и благодарение на филмовите станува сè попопуларна. На луѓето им се допаѓа идејата дека е возможно 90% од нивниот мозок да крие некоја супермоќ и затоа и веруваат во овој мит.

4. Класичната музика нè прави попаметни

Ако го изложувате вашето дете на класични симфонии, непотребно губите време затоа што тоа нема да промени ништо во неговата интелигенција.

Единствената причина зошто би се изложиле самите себеси или вашето дете на слушање класична музика е ако навистина ви се допаѓа музиката.

5. Крстозборите нè прават попаметни

Како класичната музика исто така и крстозборите се извонредни, но немаат супермоќ. Можете да ги решавате ако ви се допаѓаат. Луѓето кои решаваат крстозбори немаат когнитивна предност пред другите.

Единственото нешто кое ќе го добиете со решавање на крстозбори е тоа да станете добри во решавање на крстозбори и можеби ќе ја подобрите меморијата и ќе го тренирате мозокот, но нема да станете попаметни.

6. Мажите се подобри во математика од жените

Како што жените се подобри во миење садови, нели? Премногу истражувања покажуваат дека разликата во математичките способности помеѓу мажите и жените лежи во културните стереотипи.

Долго време се очекувало жените да не бидат добри во математика и многу од нив не можеле да го издржат притисокот. Но веќе таа разлика е драстично намалена.

Истражување кое било спроведено во 86 држави открило дека резултатите од тестови по математика кај машки и женски деца се веќе еднакви. Така да стереотипите се највиновни за оваа досегашна појава.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg