Дали сте вештерка според законите од 1692 година?

otkrijte dali ste vesterka spored zakonite vo 1692 godina 1

Откријте дали сте виновни за практикување волшебништво или дали би биле осудени за вештерство според законите кои биле користено во 1692 година на судењата на вештерките:

1. Вие сте жена

Ако сте жена веднаш влегувате во кругот на потенцијална невеста на ѓаволот. Во средниот век, женскиот пол бил асоциран со вештерство. Илјадници години луѓето верувале дека жените многу полесно паѓаат во искушение да направат грев, а гревот претставувал склопување на договор со ѓаволот.

2. Вие сте сиромашни и не можете да се издржувате финансиски

Сиромашните, бездомниците и оние кои зависеле од општината за финансиска помош биле најранлива група и најчесто биле обвинувани за вештерство. Сара Гуд била една од жените кои биле осудени за вештерство во 1692 година поради тоа што соседите не и верувале затоа што шетала од куќа на куќа барајќи милост и храна.

3. Вие сте многу богата и финансиски независна жена

Ако сте возрасна жена која умее сама да се издржува финансиски во живот и не ве треба помош од никого тогаш сте на мета да бидете осудени на вештерство. Кога една жена може да живее без помош од маж е причина за неверување или поседување на посебни вештерски моќи.

Таа веројатно би била изолирана од општеството, уапсена или осудена. Помеѓу 1620 до 1725 година, 89% од жените кои немале браќа или сопрузи со кои да го делат своето богатство биле осудени на смрт во Англија за практикување волшебништво.

4. Имате повеќе женски пријателки

Група жени кои се собрани заедно без присуство на маж веројатно изведуваат ритуали за да гo повикаат ѓаволот.

5. Сте се скарале со една или со повеќе од вашите женски пријателки

Не требало многу за една жена за да обвини друга за вештерство. Знаејќи колку е популарно осудувањето на вештерките тие го користеле тоа за одмазда кога ќе се скарале со некоја пријателка.

Во 1692 година, Рејчел Клинтон кога поминала низ група жени во црквата ги удрила со лактот од раката. Рејчел претходно била жена со висок статус во општеството, но нејзината мајка се разболела психички, таа многу доцна се омажила и по некое време паднала на дното на социјалните листи.

Овие карактеристики за Рејчел заедно со обвинението дека ги удрила жените со лактот додека поминувала покрај нив во црква, и го донело осудувањето за вештерство.

6. Сте се скарале со било кого за било што

Најважното нешто кое треба да го запомните е дека секој можел да биде обвинет за што било. И луѓето тоа го злоупотребувале. Ако некој ве обвини за вештерство, луѓето лесно верувале. Тоа било исто како некој да ве видел како летате на метла после полноќ.

7. Вие сте многу стари

Старите жени, мажени или немажени биле главните осомничени за вештерство. Ако сте преживеале до толку стара возраст сигурно имате помош од ѓаволот или натприродни моќи. Ребека Нурс имала 70 години кога нејзините комшии ја обвиниле за вештерство затоа што им сметала во соседството. На 71 година таа била осудена на смрт затоа што била вештерка.

8. Вие сте многу млади

Дороти Гуд имала само 4 години кога признала дека е вештерка. Таа била уапсена и затворена во затвор, а нејзината мајка била осудена на смрт. Девојчето биле пуштено од затвор по 9 месеци, а по измачувачкото заробеништво страдала цел живот од ментални проблеми.

9. Вие сте бабица

Возраста, социјалниот статус, бракот, автономијата, познавањето на тревките и целокупната професија на бабиците била сметана како нечиста. Црквата се плашела од способностите на бабиците и затоа често ги осудувала за поседување демонски вештини.

10. Вие сте омажени и имате многу деца

Вие сте толку многу плодни што тоа сигурно е резултат на практикување црна магија. Младите парови кои не можеле да имаат деца често ги обвинувале овие жени кои биле многу плодни дека со помош на магија ги крадат бебињата кои требало тие да ги родат.

11. Сте имале секс надвор од брачен однос

Ако само помислите да имате сексуални односи пред да стапите во брак самите се фрлате во огнот. Во 1651 година, Алис Лејк била обвинета за вештерство затоа што наводно со вештерски способности убедила маж да има секс со неа без да стапат во брак. Била осудена на смрт и натерана да признае дека соработувала со ѓаволот.

Делува бизарно и малку лудо, нели?

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg