Потег за аплауз: Бренд за облека престана да ги брише стриите на моделите од фотографиите
„Missguided“ ги прекрши „правилата“ на модната индустрија и доби поддршка од жените ширум светот.
Не постои ништо лошо во стриите и целулитот. Поголемиот дел од жените имаат проблем со едното или другото. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од жените се борат со целулитот.
Но сепак кога ќе се погледнеме во огледало не се чувствуваме добро поради сите тела што ги гледаме на телевизиските екрани и во магазините на кои нема ниту една стрија или целулит на кој било дел од телото.
Совршено мазните извајани тела во модната индустрија, поставуваат нереални стандарди. Затоа вредно е за аплауз кога некој моден бренд ќе направи смел чекор за подобрување на самодовербата на луѓето ширум светот.
Компанијата „Missguided“ одлучи да не ги крие маните на моделите и на фотографиите за промена не ги избриша нивните стрии.
Ова не треба да биде чудно, но бидејќи досега правилата во модната индустрија беа навистина строги, потегот на овој бренд е навистина храбар. Па и не е толку страшно ако ѕирнат стрии од бикините, фустанот или долната облека, зарем не?
Социјалните мрежи се преплавени со позитивни коментари за овој чекор:
https://twitter.com/emazing_lne/status/867271841143955456/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F
https://twitter.com/marniepolk/status/926738862419963904/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F
https://twitter.com/JazzHarper_/status/915689477905043457/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F
Се надеваме дека позитивното влијание за прифаќање на различноста на телата и стоп за фотошопот ќе ги зафати и другите модни брендови.
Како вам ви се допаѓа потегот?
С. С. | Црнобело