24 бонтон правила кои мора да ги знае секоја дама и секој џентлмен

Доброто однесување и воспитување никогаш не излегуваат од мода. Секој може да ги следи едноставните правила на доброто однесување, само доколку малку се потруди.

24-bonton-pravila-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-dama-i-sekoj-dzentlmen-2-001.jpg

Доколку сакате да се однесувате како вистински дами и џентлмени, предлагаме да ги прочитате следните 24 правила и да се однесувате по бон-тон:

Кога имате гости

- Доколку имате гости кои прв пат доаѓаат во вашиот дом, покажете им прво каде е тоалетот ако сакаат да се освежат, па дури потоа поканете ги да им се придружат на останатите гости.

- Доколку гостите донеле некое јадење или пијалак како подарок, послужете ги на масата така што секој ќе може да проба од истото.

Кога вие сте гостин/ка

- Доколку треба да си заминете порано од забавата, обратете им се на домаќините дека треба порано да си отидете. Не се збогувајте со останатите гости, бидејќи тоа може да го сфатат како знак дека и тие треба да си одат.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (1).jpg

Во ресторан

- Доколку е многу жешко, не ладете се со мавтање на салфета.

- Викнете го келнерот и кажете му дека нема доволно свеж воздух и побарајте од него да го вклучи клима уредот.

- Не ја празнете содржината на вашата чанта на јавно место.

- Доколку имате потреба да ја исчешлате косата, направете го тоа во тоалетот.

- Можете да нанесете кармин додека седите на маса, но маскара и пудра треба да се нанесува само во тоалетот.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (2).jpg

Правила на комуникација

- Некултурно е да ја дополните само вашата чаша. Прво прашајте ја личноста којашто седи до вас дали сака да ја дополните нивната чаша.

- Не колебајте се премногу долго кое парче храна да го земете од чинијата. Земете го најблиското парче храна кое е до вас.

- Лажицата за супа не ја оставајте на масата по употреба или за време на јадењето. Оставајте ја лажицата во чинијата за да не го извалкате чаршафот.

- Кога држите филџан за чај, ставете ги прстите само од напред и од назад на рачката од филџанот. Кога пиете кафе прстите може да ги протнете и во рачката од филџанот.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (3).jpg

Основни правила

- Запаметете, кога сте на работа не е во ред да ја оставате целата ваша шминка на масата или да ја оставате чантата или шапката на масата. Најдете друго место за да ги оставате вашите работи.

- Доколку седите на ниско столче, не ги вкрстувајте нозете. Држете ги колената споени и навалете ги на страна. Нозете може да ги прекрстите само ако ја ставите едната нога зад другата.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (4).jpg

Јавни гардероби

- Доколку местото коешто го посетувате нема гардероба, оставете ја облеката на специјални закачалки внатре.

- Во ред е да ја дотерате фризурата додека сте во гардеробата, но не е во ред да ја дотерувате шминката, да се чешлате или да ја врзувате вратоврската. Доколку треба да направите некоја од овие работи одете во тоалетот.

- Понекогаш е во ред за жените (не и за мажите) да носат капут внатре.

- Сите големи предмети треба да се остават во гардеробата: чадори, големи торби, актовки (доколку нема ништо вредно внатре). Единствен исклучок од ова правило е женската чанта.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (5).jpg

Однесување во автомобил

- Кога дама влегува во автомобил, таа не треба да „стапне“ внатре. Треба да седне на работ од седиштето и да ги „вовлече“ нозете во автомобилот. Кога излегува од автомобил, треба најпрво да ги стави двете нозе на патот, а потоа да стане за да излезе.

- Во 21 век не е неопходно мажот да ја земе дамата од дома. Доколку имате свој автомобил можете да се најдете на забавата.

24-pravila-za-dobro-odnesuvanje (6).jpg

- Доколку си заминувате со вашиот автомобил, вашето момче може да ве испрати до автомобилот и да провери дали добро ви е затворена вратата. Секако, доколку тој живее во близина може да му понудите и превоз.

- Маж и жена може да седат заедно одзади во автомобил, само доколку се знаат доволно добро.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg