7 типови на пријателки кои не ви се потребни во животот

Доколку во вашето женско друштво препознаете личност со барем една од овие особини, тогаш време е за промени.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-1.jpg

Пријателството симболизира една душа, раздвоена во две тела.

Искрените пријатели заедно го споделуваат доброто, но и лошото. Тие нема да се откажат едни од други, дури ни во најтешките моменти.

Меѓутоа, постојат личности кои повремено се „прилепуваат“ за вас, а неретко ги нарекувате пријателки. Но, дали се навистина вредни да им го подарите своето време и труд, ви откриваме со точките во продолжение.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-2.jpg

Седумте типови на пријателки кои навистина не ви требаат во животот се:

1. Пријателката што секој ден се однесува различно

Еден ден сте нејзината сродна душа, додека другиот не сака ни да ве погледне. Во крајна рака, таквиот одност е нездрав. Топло-ладно релациите се ужасно напорни, како во љубовната врска, така и во пријателство.

Притоа, не треба ни да спомнуваме колку е токсично, кога во еден миг сте среќни до небо, а веќе во следниот сте уверени дека вашата најдобра пријателка ни малку не ве сака.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-3.jpg

2. Пријателката на која сте ѝ на последно место

Таа е мила и драга, па кон сите се однесува добро и слатко, но не и кога сте вие во прашање. Повторуваме – единствено кон вас не е таква. Кога отворено ќе ја прашате за причината, ви тврди дека сѐ е во ред, а дека не знае што ви е вам.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-4.jpg

3. Пријателката што не знае да каже „фала“

Сеедно е дали се работи за мали или големи нешта. Ако некој не умее некому да се заблагодари, тоа е мошне лош знак. Можеби не е ништо лично. Можно е да е таква кон сите.

Меѓутоа, тоа што е генерално безобразна, баш и не е оправдување. Колку и да се потрудите - да ѝ средите некоја работа, или, пак, да ѝ направите навистина голема услуга – од нејзе секогаш ве очекува „студен туш“.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-5.jpg

4. Пријателката која ништо не ви враќа

За неа ќе дадете сешто, а таа за вас ништо. Ја тешите, ѝ позајмувате пари, или, пак, излегувате со нејзе надвор дури и ако ви се спие. Но, што се случува кога вие ќе ѝ побарате нешто? Ве одбива, по кратка постапка. Понекогаш, не се ни труди претерано околу изговорот. „Не сакам!“ може да ѝ биде сосема доволно.

Во овој случај, пријателскиот однос е едностран. Само мора да си признете и да го прекинете што поскоро. Емоционални вампири не ви се потребни во животот.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-6.jpg

5. Пријателката што ви дава чувство дека мора да се потрудите

Притоа, постојано го прави истото. Како никогаш да не е вистински задоволна од вас, па мора везден да се трудите уште повеќе. Константно ги превртува очите, воздивнува и ви приговара за сѐ и сешто.

Со други зборови, премногу сте „неважни“ наспроти неа, па вам треба да ви биде чест што воопшто се дружите со нејзе. Меѓутоа, запрашајте се: да не е можеби обратно?

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-7.jpg

6. Пријателката која ви се јавува само кога нешто ѝ треба

Таквите пријателства немаат никаква допирна точка со симпатиите. Наместо тоа, главна улога игра интересот. Единствената работа што од вас ја сака е да извлече нешто за лична корист. Зборот кој најдобро ја опишува е себичност. А, пријателството и себичноста не одат во иста реченица.

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-9.jpg

7. Пријателката што никогаш и никаде не ве кани

Без разлика дали се работи за кафе средба, или, пак, можеби некоја голема забава, таа никогаш не ве вика со нејзе. Секогаш од други дознавате за таквите настани.

А, уште полошо е кога за нив ќе разберете, откако ќе ги погледнете објавените фотографии на Фејсбук или Инстаграм. Навистина ниско, зар не?

7-tipovi-na-prijatelki-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg