10 типови на токсични луѓе кои ви ја црпат енергијата
Модерното општество има способност и да нè инспирира, и на моменти да нè разочара. Големо влијание на нашето секојдневно расположение имаат луѓето со кои сме опкружени.
Дел од нив ни влијаат позитивно и сакаме што повеќе време да поминуваме заедно, а останатиот дел ни ја црпат енергијата со нивното однесување и не ни носат ништо добро.
Еве какви типови на токсични луѓе со кои сме опкружени не ни се потребни во животот:
Критичари
„Смени фризура? А, па, добро, тебе ти стојат шишки, имаш големо чело, а и ти ги покрива брчките.“ Луѓето кои се критички настроени за сè околу нив обично сакаат и вам да ви го расипат расположението и често даваат зајадливи и негативни коментари од овој тип кои ќе ги затскријат да личат на комплименти.
Тие не се навикнати некој да им враќа, па ако не можете сосема да се ослободите од нив, љубезно возвратете им на коментарите и за некое време ќе престанат да ви додеваат.
Жртви
Не сте се виделе со месеци, па дури и со години. На секоја ваша понуда да се видите тие одговараат дека немаат време.
Одеднаш, ваквите пријатели магично се појавуваат повторно во вашиот живот бидејќи нешто им треба: сакаат да позајмат пари, да ги тешите по раскинувањето и слично. Луѓето што се „дежурни жртви“ ви ја црпат енергијата и не ви се потребни во животот.
Паничари
Ваквите луѓе паничат во секоја ситуација и сеат страв во секое друштво. Постојано зборуваат за тоа што сè може лошо да се случи, какви несреќи демнат на секој чекор, зошто не треба нешто да правите и сето тоа е поткрепено во „вистински приказни“ од некој што го познаваат.
Избегнувајте ги ваквите луѓе за да не ви ги пренесат нивните нервози и неосновани стравови.
Лицемери
Се смешкаат и се согласуваат со сите ваши ставови додека ве гледаат во очи. Штом разговорот заврши, се вртат и ве озборуваат.
Ова е класична дефиниција за лицемери – луѓе кои навидум ви мислат добро, а зад грб кројат планови против вас. Вакви луѓе дефинитивно не ви се потребни во животот.
Егоисти
Егоистите сакаат да се „хранат“ со туѓото внимание. Тие ве тераат да се ослободите од обврските и да најдете време за нив, а ако не го направите тоа, се лутат и ви предизвикуваат грижа на совест.
Не паѓајте во нивната замка – ослободете се од нив што е можно побрзо бидејќи тие немаат љубов за никој друг, освен за себе.