10 типови на токсични луѓе кои ви ја црпат енергијата
Пријатели од порано
Патиштата уште одамна ви се разделиле. Имате сосема различни интереси и начин на живот, а сепак продолжувате да комуницирате бидејќи се чувствувате виновно поради тоа како завршиле работите во минатото.
Речиси секоја пријателска врска си има рок на траење, па не се чувствувајте лошо и прекинете ги односите. Таа врска припаѓа на минатото и таму треба и да остане.
„Ветувачи“
„Ќе те барам неделава“, „Следен викенд одиме кај мене во викендичката“, „Во петок ќе ти се јавам да се договориме да пиеме кафе“. Ова се само празни фрази на луѓето кои секогаш се зафатени за вас.
Тие постојано нешто ветуваат и никако да го исполнат. Ако ова ви се случува често, време е за ново друштво.
Полни со оправдувања
„Знам дека доцнам, ама што да правам, таков сум, ќе ме истрпиш“. Луѓето кои постојано наоѓаат оправдувања за нивните лоши навики и постапки и притоа не ги земаат предвид вашите чувства се типови на токсични пријатели кои ви ја црпат енергијата.
Тие се неодговорни и не се тука за вас, па нема причина зошто вие да бидете тука за нив.
Злопамтила
Луѓето кои се карактеризираат како злопамтила секогаш ќе направат да се чувствувате лошо. Колку и да ви е жал за нешто и да сте се извиниле 100 пати, тие ќе најдат начин да ги провлечат вашите грешки во секој разговор и да направат кавга во која вие ќе бидете виновникот.
Избегнувајте ги ваквите типови на луѓе за ваше добро.
Негативци
Секогаш се жалат и тврдат како нив им е најтешко од сите. Сакаат на другите да им ја пренесат нивната негативна енергија која произлегува од нивното сопствено незадоволство. Не гледаат добро во ниедна работа и главно се песимистички настроени.
Ваквите луѓе секогаш ќе ве влечат надолу, па не ви се потребни во вашето секојдневие.
М. В. | Црнобело