10 работи кои може да ги добиете бесплатно кога летате со авион
Искусните патници се свесни дека има многу дополнителни опции кои авиокомпаниите им ги пружаат на патниците бесплатно. Но многумина не знаат дека постојат такви опции или мислат дека за нив се доплаќа.
Дознајте кои се најинтересните работи коишто може да ги добиете бесплатно додека летате со авион:
Додатоци за удобно одмарање
Покривачи, перници и маски за спиење се во листата на работи коишто треба да им бидат понудени на патниците како опција.
Дури и ако патникот сака да дремне за време на краток лет, тој има право да побара сè од горенаведеното од стјуардесата. Доколку ви е поудобно да летате без обувки тогаш стјуардесата ќе ви даде чорапи за една употреба или влечки.
На многу долги летови авиокомпаниите се обврзани да им дадат прибори за лична хигиена на патниците, коишто вклучуваат паста за заби, сапун, влажни марамчиња и кај некои авиокомпании, дури и балсам за усни и крем за раце.
Специјално мени
Доколку купите билет барем 24 часа пред летот, можете да одберете и мени. Најголем дел од компаниите имаат понуда од диетско, бебешко, немасно, вегетаријанско, па дури и кошер опција за храна. Исто така, и за ова не треба да плаќате.
Грицки и конзерва сок
Имате право да побарате дополнителни грицки, кикиритки, лешници, бадеми или чипс, но ова го нема кај сите авиокомпании. Сепак прашајте ја стјуардесата бидејќи ова може да се случи да го има бесплатно.
Топло чоколадо
Најпопуларен пијалак во авион е кафето и поретко чајот. Сепак, најголемите авиокомпании имаат многу подолга листа на пијалаци.
На пример, на вашиот лет може да има и топло чоколадо, па немојте да бидете мрзливи и прашајте ја стјуардесата.
Поудобни седишта
Кога купувате карти за лет, можете да одберете каде е поудобно за седење, како на пример места со повеќе простор за нозете.
Доколку се распрашате во авиокомпанијата може да добиете информација кои седишта имаат повеќе простор за нозете. Исклучок се авиокомпаниите коишто наплаќаат дополнително за тие места за седење.
Исто така, може да се преместите и во текот на летот. Може да ја прашате стјуардесата дали има слободни места и да се преместите доколку се поудобни.
Дополнителна порција храна
На секој лет оброците се вклучени во цената на билетот. Сепак, секој патник има различен апетит.
Доколку сакате дополнителна порција, не срамете се да побарате и прашајте ја стјуардесата дали има останато порции. Правило е стјуардесите да не ги одбиваат клиентите во вакви случаи бидејќи често пати голем дел од патниците не сакаат да јадат и останува многу храна.
Лекови и прва помош
На секој лет обезбедена е лепеза на основни лекови, медицински помагала и прва помош, како и најпотребните лекови за итни случаи.
Стјуардесите се обучени за давање прва помош и ова е вклучено во листата на дополнителни услуги кои се бесплатни.
Сервиси за деца
Сега е полесно да летате со мали деца бидејќи авиокомпаниите се опремени со модерни помагала. Бебињата, за коишто не морате да купувате дополнителна карта за место за седење, може да се сместат во лежалки за бебиња коишто се бесплатни.
Единствено што треба е родителите да си купат карта со место до приодот, за да може да се закачи лежалката веднаш до нив.
Доколку родителите треба да одат во тоалет, за бебето ќе се грижи стјуардесата. Многу авиокомпании имаат и специјален сервис за деца коишто летаат без придружба на родител.
Забава
Во авион секогаш има нешто за забава на патниците: интересни списанија, слушалки со радио или вградени екрани за гледање филмови.
Екскурзија до пилотската кабина
Ова никогаш не ви го кажуваат во авион, но доколку тивко ја запрашате стјуардесата, таа за вашето дете може да организира кратка тура на целиот авион, вклучувајќи и посета на пилотската кабина.
Шансите за ваква тура се поголеми доколку прашате откако ќе слета авионот.
(О)Милена | Црнобело