Ако работите со луѓе, ставете огледало зад вас: Психолошки трикови кои ќе ви бидат од корист
Ако сакате да спречите нечија кавга, земете нешто да јадете и застанете меѓу нив
Овој феномен е заради фактот дека моментот на јадење е поврзан со смиреност и релаксација.
Многу е мала веројатноста дека човек би нападнал некој што јаде.
Ако сакате да се ослободите од некој предмет, подадете го на личноста со која зборувате
Поставете некому лично прашање или побарајте мислење за нешто.
За време на одговорот, мозокот на личноста ќе биде преокупиран толку многу што во таа ситуација, ќе земе сѐ што ќе и дадете, без размислување.
Ако сакате да остварите контакт со некој, побарајте му нешто
Обидете се тоа да биде нешто наједноставно (сос, сол, салфета, пенкало).
Личноста која ќе ви направи услуга, потсвесно мисли дека се однесува добро со вас, па ќе сака да оствари контакт со вас и да направи нешто повторно.
Важните состаноци закажувајте ги на почеток или на крај на денот
Луѓето најдобро помнат што се случува на почетокот и на крајот на денот, а сѐ што се случувало во меѓувреме им е како низ мала.
Затоа, важните состаноци избегнувајте да ги закажувате во сред ден.
Повторувањето на нечии други гестикулации ќе ви помогне да воспоставите доверба
Имитирањето на гестикулациите и ставот на соговорникот ќе ви помогне да стекнете доверба.
Дури и соговорникот да не го забележи тоа, потсвесно ќе се гледа себеси во вас. А, со тоа нормално ќе се однесува подобро со вас.
М. М. | Црнобело