Изреки кои ќе ви помогнат да си ги средите мислите
Брзото темпо, стресот на работа, сметките, долговите и сите обврски што ги имаме секојдневно нé влечат надолу.
Умот ни работи забрзано, дури и пред да заспиеме мислиме што нé чека наредниот ден, каде треба да одиме, што треба да направиме и слично. Се чини дека никогаш немаме вистински одмор и само трчаме напред.
Овие неколку реченици треба да ги прочитате секогаш кога мислите дека немате веќе сила да одите напред за да можете да се вратите на правилниот пат:
1. Немате никаква одговорност да живеете според она што другите мислат дека треба да го постигнете. Немате никаква одговорност да бидете некој кој другите очекуваат да бидете. Тие грешат, не вие.
2. Вие всушност никогаш не ја контролирате ситуацијата, колку и да мислите поинаку. Ослободете се од тој стремеж. И така сите работи се редат според друг план, не според вашиот.
3. Успехот не значи среќен крај, а неуспехот не значи дека е фатален. Важно е да имате храброст и за едната и за другата работа и да се обидете повторно, и повторно, и повторно.
4. Вредните нешта не ви ја даваат вредноста како личност. Не ве дефинира она што го поседувате – куќа, облека, автомобил, накит. Тоа не сте вие, тоа е само нешто што го имате.
5. Сакате да знаете кој сте? Не прашувајте, не мислете, не зборувајте. Правете! Само со дела можете да видите кои сте, до каде сте и што сакате да постигнете.
6. Промената е единствената константа во Универзумот. Ништо друго не е сигурно како фактот дека постојано ќе има промени. Колку побрзо го прифатите тоа, толку посреќни ќе бидете.
7. Страдањето и незадоволството произлегуваат од потрагата по привремена среќа. Возбудата и еуфоријата траат кратко и тоа не е вистинска среќа.
Вистинската среќа се крие во мирот. А, мирот доаѓа кога ќе почнеме да се сакаме такви какви што сме и да бидеме благодарни за она што го имаме.
М. В. | Црнобело