Што сé ќе научите ако почнете да ги запишувате трошоците?

Кога станува збор за финансиите, на сите ни се потребни мали совети за подобра организација на парите.

shto-se-kje-nauchite-ako-pochnete-da-gi-zapishuvate-troshocite-01.jpg

Сите знаеме дека треба уште веднаш да почнеме со штедење и дека не треба да трошиме пари на работи кои ни носат краткотрајно задоволство.

Но, во сета таа збрка со финансиите, докажано многу помага ако водиме евиденција за трошоците. Направете си мал дневник во кој ќе запишувате на што сте потрошиле пари, и тоа од секојдневни трошоци за ручек, кафе, намирници за дома, до облека, сметки, работи за домот и слично.

Потрудете се редовно да ги запишувате трошоците за да имате подобра прегледност на што давате пари често, на што поретко и слично. Оние кои го применуваат овој метод велат дека им нуди најдобра организација на финансиите.

Еве што сé ќе научите ако почнете да ги запишувате сите ваши трошоци:

Не е неопходно сé што купувате

Кога одите да купувате, размислете дали она што сакате да го купите навистина ќе го користите. Ако е нешто што сите други го имаат, па сега сакате и вие, или ако ви носи моментално задоволство, а за некое време ќе го фрлите, подобро не трошете пари залудно.

Инвестирајте во нешта за кои сте сигурни дека ќе ви траат или дека навистина ви се потребни и ги сакате.

Старите навики често предизвикуваат да трошите повеќе

Кога сте земале поголема плата, сте се навикнале да пазарите од места каде цените се повисоки, но тоа не значи дека така треба да остане и понатаму. Или пак, ве мрзело да отидете до поевтиниот маркет, па сте купиле млеко од продавничката во близина на домот каде работите се поскапи и сте продолжиле да одите таму.

Преиспитајте ги навиките и направете промени. Видете каде храната е поевтина, а исто толку квалитетна, каде има попуст, во кои маркети има најчесто акции и слично. Сето ова можете да си го запишувате.

Не донирате доволно и не помагате на оние на кои им е тоа потребно

Донациите не се резервирани само за оние со вишок пари, ако такви воопшто постојат. И кога немате којзнае колку голем приход, одвојте мала сума и донирајте ја за некој на кој му е потребно.

Донирајте и облека која не ви треба, книги, делови од мебел и слично. Потрудете се секој месец да направите вакво добро дело кое откако ќе заврши месецот, ќе видите дека не ве чинело речиси ништо.

shto-se-kje-nauchite-ako-pochnete-da-gi-zapishuvate-troshocite-03.jpg

Почесто треба да трошите на искуства, отколку на материјални нешта

Секако дека не треба да претерате со штедење и да отидете во другата крајност и убаво е понекогаш да си дозволите мало „разгалување“, но гледајте повеќе да трошите на интересни искуства, отколку на материјални нешта.

Искуствата, во кои спаѓаат кратки патувања, учење нов јазик, спортска активност и слично, вредат повеќе отколку кое било парче облека или чевли.

Имате многу за што треба да бидете благодарни

Откако ќе почнете да водите евиденција за сите трошоци, ќе сфатите дека не мора секој ден да се жалите дека немате доволно за ова или за она.

Имате многу работи за кои треба да бидете благодарни во животот и многумина би дале сé за да бидат на ваше место.   

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg