5 теории кои објаснуваат зошто ви се случува „дежа ву“
За секој веќе виден поим го користиме француското „дежа ву“. Меѓутоа, подобро од тоа не можеме да го објасниме, бидејќи не знаеме зошто и како ни се случува.
Група на научници со години го истражуваат овој феномен, а претпоставите се сведени на топ 5 објаснувања кои најмногу „држат вода“:
1. Лекови
Колку и да звучи чудно, некои лекови и терапии може да предизвикаат дежа ву ефект.
Кога на здрав човек му биле дадени одредени апчиња кои не би требало да имаат никакво дејство на менталното здравје, овој феномен се зачестил.
2. Слични слики
Сличните простории, слики и моменти може да го предизвикаат овој феномен како веќе да сте биле таму.
Ова посебно се однесува за рутини кои ги правиме секојдневно и места на кои поминуваме често.
3. Силно емоционално искуство
Уште една теорија за појавувањето на дежа ву феноменот е дека тој се појавува во ситуации кога емоциите се на високо ниво, односно стресот е на високо ниво.
При високо ниво на стрес хемисферите на мозокот може да претрпат минимално оштетување заради кое мозокот ја меша сегашноста со минатото.
4. Дефект во мозокот
Звучи грубо, но се мисли на безопасен дефект во мозокот. Група научници откриле дека во мозокот има дел каде дежа ву појавата се формира.
5. Болест
Дежа ву се појавува кај 97% од здравите лица, но кај луѓето со епилептични напади, дежа ву моментите траат подолго и се почести.
М. Д. | Црнобело