6 работи кои не треба да ги правите во авион

Летовите можат да бидат многу стресни, а за многумина и страшни и неподносливи.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-01.jpg

Некои се навикнати на летање со авион и немаат никакви проблеми, а други пак не сакаат ни да помислат и летаат само кога мораат.

Но, она што е нормално на земја изгледа целосно поразлично и понепријатно во воздух.

Ако сакате да имате пријатен и лесен лет, прочитајте што не смеете да правите:

1. Да носите контактни леќи

Леќите обично ги сушат очите, а тоа комбинирано со сувиот воздух во авионот, може да доведе до непријатни резултати. Затоа, подобро е да ставите очила додека летате.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-02.jpg

2. Да ги затворате ушите кога ќе ви се затнат

За време на полетување и слетување, ушите често знаат да ви се затнат поради разликата во притисокот.

Првата реакција на секој човек е да ги затвори ушите со прсти. Овој метод не функционира, но можете да го намалите непријатното чувство на следниве начини:

  • Шмукање и голтање - Возрасните можат да користат гуми за џвакање, а децата шише вода.
  • Отварајте ја и затварајте ја устата повремено.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-03.jpg

3. Да летате со затнат нос

Затнатиот нос додава повеќе притисок на ушите и може да доведе до траума. Секако, тоа не значи дека ќе го откажете летањето заради настинка, но барем имајте капки кои ќе ги користите пред полетување и слетување.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-04.jpg

4. Да седите без да се помрднете цел лет

За време на летот, циркулацијата на крвта е побавна, а седењето и недвижењето го зголемува ризикот за тромбоза. Следете ги следниве правила за да го избегнете тоа:

  • Станете и прошетајте малку низ кабината
  • Носете облека која не ви го ограничува движењето на телото
  • Истегнувајте го телото повремено

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-05.jpg

5. Да седнувате назад ако ви се лоши од движење

Ова правило функционира како за автомобил и автобус, така и за авион. Најдобро е да ги одберете местата понапред или до крилата. Исто така внимавајте што јадете ден претходно – не јадете нишшто пржено и мрсно и не пијте алкохол.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-06.jpg

6. Да користите мобилни уреди

Полетувањето и слетувањето се најтешките фази во летањето, а сигналот од вашиот мобилен телефон може да ги попречи врските во радио комуникацијата и системот за навигација, па пилотот нема да може да ги слушне информациите од контролорот.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-avion-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg