Едноставен трик со кој ќе одредите дали имате доволно облека или ви треба нова
На многумина им е позната оваа ситуација – плакарот ви е полн со облека, но немате ништо што да облечете.
Постојано носите едни исти работи, а другата облека седи здиплена и не може да си го најде своето место на вас.
И нормално, секогаш се жалите и посакувате да си купите по нешто ново, бидејќи ситуацијата е „алармантна“.
Но, дали навистина е така и немате што да облечете или тоа е поради причината што ја носите облеката која ви е најудобра и не ви е дојдено до смислување нови комбинации.
Затоа ние направивме еден краток тест со кој ќе дознаете дали треба или не да се подновите со нови парчиња облека.
3 едноставни чекори:
1. Извадете ја надвор цела облека, чевли, чанти и накит за претстојната сезона.
2. Ослободете се од сите работи кои се износени, не ви се точни или едноставно им е помината модата.
3. Погледнете што останало и направете комплети според следнава шема:
Еден комплет = 1 долно парче облека (здолниште, фустан, панталони) + 2-3 горни парчиња облека (џемпер, блуза, кошула, маица, јакна, мантил итн.) + 2-3 пара чевли (чизми, штикли, балетанки, сандали итн.) + 2 чанти (или други додатоци)
Резултат
Избројте колку успешни комбинации имате кои можете да ги носите. Облеката од тие комбинации ставете ги во плакар, а од другите ослободете се – фрлете ги ако се оштетени или подарете ги некому ако се корисни.
Потоа следете ја оваа пресметкa:
- Максимум 3 комбинации – под итно ви е потребно подновување со нова гардероба.
- 3-7 комбинации – одете на шопинг и купете само неколку работи кои ви се неопходни, но задолжително да одговараат со направените комбинации.
- Над 7 комбинации – честитки! Имате совршен гардеробер. Повторете го овој тест следната сезона.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





