Двосмислени комплименти што жените си ги даваат една на друга

Постојат жени кои се секогаш искрени кога доделуваат комплимент. Но, има и такви, кои со навидум пофалните коментари, само вешто го камуфлираат својот негативен став.

kompliment-ili-navreda-dvosmisleni-komentari-shto-zhenite-si-gi-davaat-edna-na-druga-1.jpg

Од најцврсти пријателства и искрена потпора, до љубомора, отровни забелешки и подметнувања - постои цел спектар на чувства и однесувања помеѓу припадничките на понежниот пол.

Секако дека жените меѓусебно си даваат комплименти. За волја на вистината, кога тие се искрени, често вредат многу повеќе од оние кои ги делат мажите. Но, кога не се...

Ви откриваме што одредени „слатки“ зборови навистина може да значат:

1. Кога таа ќе каже: „Здолништето ти е баш храбар избор. Ама, ти тоа можеш да го носиш.“, а всушност мисли: „Изгледаш како ороспија, но тоа веќе сите го знаеме.“

kompliment-ili-navreda-dvosmisleni-komentari-shto-zhenite-si-gi-davaat-edna-na-druga-2.jpg

2. Кога таа ќе каже: „Изгледаш како навистина добро да ти оди во животот.“ , а всушност мисли: „Поприлично си се здебелила.“

3. Кога таа ќе каже: Инаку кратка коса не ми се допаѓа...но тебе супер ти стои.“, а всушност мисли: „И понатаму мислам дека кратката коса е ужас. И на тебе, исто така.“

4. Кога таа ќе каже: „Твојата слика на Фејсбук изгледа баш одлично. Како ти успева?“, а всушност мисли: „Без филтери не изгледаш така добро.“

kompliment-ili-navreda-dvosmisleni-komentari-shto-zhenite-si-gi-davaat-edna-na-druga-3.jpg

5. Кога таа ќе каже: „Баш ти стои овој кежуал изглед.“, а всушност мисли: „Изгледаш како бездомник.

6. Кога таа ќе каже: Убав фустан. Штета што јас не можам да го носам, им стои само на жени со облини.“, а всушност мисли: „Ти си дебела, а јас слаба. О, да!“

7. Кога таа ќе каже: Одлично ти стојат високи штикли. Нозете ти изгледаат толку долго и витко.“, а всушност мисли: „Во реалноста изгледаш како големо џуџе.“

8. Кога таа ќе каже: „Добро е што постојат жени како тебе, кои не се земаат себе за сериозно.“, а всушност мисли: „Сите ти се смеат!“

kompliment-ili-navreda-dvosmisleni-komentari-shto-zhenite-si-gi-davaat-edna-na-druga-4.jpg

9. Кога таа ќе каже: „Изгледаш толку поразлично, кога си нашминкана.“,  а всушност мисли: „Изгледаш како кловн.“

Искренa пофалба или злобна забелешка? Пресудете сами!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg