Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Езеро што врие, отровно и среде пустина: 8 прекрасни езера кои се смртоносни

Езерата создаваат чувство на смиреност и сите сакаме да се релаксираме покрај нив.

ezero-shto-vrie-otrovno-i-srede-pustina-prekrasni-ezera-koi-se-smrtonosni-01.jpg

Чистата вода и лесното ветерче може да направи целосно да уживаме во природата.

Но, дали ова важи за сите? Дали сите езера се безбедни за бањање или воопшто за седење покрај нив?

Погледнете ги овие прекрасни, но опасни и смртоносни езера во светот.

Ќе се осмелите ли да пливате во нив?

Бросно, Русија

Жителите многу често гледаат огромно чудовиште кое личи на древен гуштер во езерото. Научниците се обиделе да им помогнат да го најдат, но залудно. Но, што всушност се случува?

Процесот на распаѓање на дното предизвиквуа меурчиња од јаглерод диоксид. Овие меурчиња можат лесно да превртат мал брод. А стравот си го прави своето бидејќи веднаш ќе помислите дека се работи за напад од ова чудовиште.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-02.jpg

Hillier, Австралија

Не можете да им поверувате на очите нели? Розова боја, прекрасна шума и секако, нема чудовишта... Но и ова е смртоносно. Науката објаснува дека розовата боја на водата доаѓа од различните микроорганизми кои живеат во него.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-03.jpg

Kawah Ijen, Индонезија

Запознајте го најкиселинското езеро на светот. Водата со нежна тиркизна боја, на дното има температура од 200⁰С и смртоносен метан кој сјае навечер. Сепак, локалците успеваат да соберат сулфур од брегот, без воопшто да носат маски за заштита.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-04.jpg

Gafsa, Тунис

Најчудното за ова езеро е тоа што ненадејно се појави во среде сува пустина. Научниците веруваат дека се појавило како резултат на сеизмичка активност, но сѐ уште е нејасно како сѐ се случило одеднаш.

Пливањето е на свој ризик бидејќи водата можно е да содржи отровни алги и можно е да е радиоактивно.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-05.jpg

Boiling Lake, Доминикa

Ова езеро буквално врие! Температурата на водата е 92⁰С и е апсолутно забрането пливањето освен ако не сакате да бидете сварени... Објаснувањето е дека езерото е сместено во кратер од вулкан и е постојано загреано.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-06.jpg

Lake Michigan, САД

Ова езеро изгледа многу шармантно на прв поглед. Пријатната боја на водата и без никакви страшни чудовишта. Но, замката лежи во внатрешноста. Има спонтани и силни струи кои ги носат луѓето далеку од брегот. Во есен, се појавуваат огромни бранови исто како во океаните.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-07.jpg

Киву, помеѓу Демократска Република Конго и Руанда

Ова е најопасното езеро на светот. Било каква вулканска активност или дури и најслаб земјотрес и езерото веднаш ќе експлодира.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-09.jpg

Natron, Танзанија

Ова е веројатно едно од најжешките езера. Но, тоа не е сѐ. Ова езеро има посебен начин да се „грижи“ за суштествата кои умираат во неговите води, претворајќи ги во статуи кои потоа ги носи на брегот.

Науката лесно го објаснува ова – водородот и алкалноста создаваат сол и варовник, што ги спречува организмите од распаѓање.

10-prekrasni-no-opasni-ezera-koi-mozhe-da-bidat-smrtonosni-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg