5 причини поради кои келнерите не можат да ве поднесат

Дали сте лош муштерија? Дали сте баш вие личноста која секогаш мора да биде најгласна во ресторанот?

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-1.jpg

Врз основа на однесувањето на келнерот, лесно стекнуваме мислење и донесуваме заклучоци за ресторанот или кафулето во кое сме одлучиле да седнеме.

Дали келнерот пристојно се поздравил? Дали љубезно објаснил што се наоѓа во понудата на денот, брзо ја донел храната и направил сѐ како би се чувствувале пријатно?

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-2.jpg

Професионалното однесување на келнерот треба да биде правило, а не исклучок. Но, тоа не го исклучува пристојното однесување и добрите манири и на гостинот, кој не би смеел да си земе за право да се однесува како што ќе посака, само поради фактот дека ќе ја плати услугата.

Ако ви се чини дека келнерите и келнерките ве гледаат „попреку“ каде и да се појавите, сосема е сигурно дека ни вие не сте „ангели“.

А, петте причини поради кои келнерите не можат да ве поднесат се:

1. Непристојно им се обраќате на келнерите и им давате до знаење дека ги сметате за „пониска класа“

E, дај ми капучино, и малку прогуглај како се прави, ок?“, „Оброков чини повеќе од твојата неделна плата, па очекувам јадењето да не ми биде млако!“ и „Ало, ќе може ли малку побрзо?!“, се реченици кои не се прифатливи во ниту еден угостителски објект. Однесувајте се кон другите со почитувањето кое го очекувате и вие.

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-3.png

2. Одолговлекувате и пребирате

Рестoранот е преполн, но вие без срам ја задржувате келнерката со барање да го опише секое јадење (кое е јасно опишано во менито), а потоа се премислувате уште барем неколку минути? Прво одлучете се што сакате и припремете конкретни прашања, а потоа повикајте го келнерот.

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-4.jpg

3. Барате работи кои не се на менито

„Може ли да дoбијам шпагети со болоњезе сос, но наместо тестенина да ми ставите киноа, а сосот да го подготвите без целер и лук?“ Не може. На менито јасно пишува што се нуди, па немојте да измислувате јадења кои не постојат. Доколку посакате помали измени, како отстранување на пиперката или грашокот, од ресторанот со задоволство ќе ви излезат во пресрет, ама менувањето на основата на самиот рецепт, сигурно нема да го воодушеви персоналот.

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-5.jpg

4. Викате и создавате непријатна атмосфера

Правилата на однесување не ве допираат премногу, па обожувате да зборувате гласно и да се „простачите“ без кочници, дури и во фините и отмени ресторани? Угостителите сакаат сите гости да се чувствуваат пријатно во нивниот локал, па сигурно ќе им оди на нерви личноста која се однесува како да е сама на светот.

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-6.jpg

5. Не оставате бакшиш

Нема да пропаднете финансиски поради ситната сума на пари што ќе ја оставите како напојница. Притоа, келнерот во кафулето или ресторанот каде често поминувате време, ќе види дека ја цените неговата услуга. Не бидете една од личностите кои чекаат да им се врати кусурот до последен денар.

5-prichini-poradi-koi-kelnerite-ne-mozhat-da-ve-smislat-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку годин... Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg