Бившиот дечко, пијаната другарка на невестата: 6 типови на непожелни гости на свадба
Сигурно досега сте биле на неколку свадби во животот. Таму вообичаено се сретнувате со луѓе кои ги знаете и не ги знаете.
Некои од нив толку одат на нерви, што речиси никој во вашето опкружување не може да ги поднесе. Такви гости има на секоја свадба.
Од постари мажи кои дошле да „уловат“ некоја помлада девојка, па сè до пијаната другарка на невестата која сè уште е сингл, еве ги 6-те типови на гости кои никој не може да ги поднесе на свадба:
Пијаниот филозоф
Нормално е дека на свадба се пие неколку чашки алкохол повеќе, но има луѓе што мислат дека со алкохолот ги испиле и тајните на универзумот. Почнуваат да се прават паметни и да филозофираат за сè и сешто и им досаѓаат на сите околу нив со нивните „паметни“ совети за животот.
Новопечениот брачен пар
Постојано се фалат каква била нивната свадба што ја правеле неодамна. Покажуваат фотки од тортата, фустанот, ресторанот што го одбрале и не сфаќаат дека никој тоа не го интересира.
Пијаната сингл другарка
Некоја од најдобрите другарки на невестата сигурно е сè уште сингл, па оваа свадба ќе ја искористи добро да се напие и да очајува за нејзиниот живот. Гласно се смее, пее песни што ја погодуваат и се обидува да биде центар на вниманието за да „смува“ некој од слободните мажи.
Личноста со која се немате видено од средно
Додека вие се обидувате да се сетите како се вика, тој/таа веќе ве „дави“ со приказни и ситуации од средношколските денови. „Ти текнува на екскурзија кога...“? Не, не ви текнува и не ни сакате да се сетите на такви срамни моменти од младоста.
Бившиот партнер
Има причина зошто сте раскинале со вашиот бивш партнер, но сега сте на истата свадба и сигурно ќе дојде до некој незгоден момент. Пристојно би било да се поздравите и да размените неколку реченици, а што побрзо сакате да се тргнете од него/неа.
Стариот „господин“
„Што прави оваа дама вака сама?“ – обично со ова започнуваат разговор постари личности кои дошле да се поднапијат и да „уловат“ некоја девојка што може да им биде ќерка. Ваквите мажи не се откажуваат лесно, па тешко е да се ослободите од нив на културен начин.
М. В. | Црнобело