Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 вистински приказни за луѓе кои заслужуваат медал за досетливост

Секој ден животот ни е исполнет со многу различни настани и случки, а благодарение на интернетот, сите дознаваме за нив.

6-vistinski-prikazni-za-lugje-koi-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-01.jpg

Некогаш се тажни и нè тераат да се замислиме за работите во животот, некогаш се смешни и ни го разубавуваат денот, а некогаш се едноставно генијални!

Прочитајте ги овие 6 приказни за досетливост – секоја од нив е приказна сама за себе:

Моето момче е неверојатно. Вчера му се налутив и во кавга му кажав дека не сакам да го видам веќе. Тој стана и го изгаси светлото. Како може да му се лутам на овој човек?

Во детството, често се разболував и постојано ме носеа на лекар. Еден ден им реков на родителите: „Уморна сум. Не може ли да се напијам магичен лек кој ќе ме излечи?“. Следниот ден татко ми влезе во соба и извика: „Го најдов! Напиј се и за кратко ќе се опоравиш – ова е магичен пијалак.“ – држејќи стаклена тегла во рака. Зелената боја на течноста ме убеди дека е навистина магично. Го испив и веднаш се соземав и ми стана подобро. Подоцна дознав дека „магичниот напиток“ не е магичен и може да се најде во секоја продавница.

6-vistinski-prikazni-za-lugje-koi-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-02.jpg

Во метрото пред мене седеше убава девојка која постојано гледаше во едно момче пред неа. Одеднаш таа зема лист, напиша нешто и го стави во качулката на неговиот дуксер. 5 минути подоцна, изгледа се предомисли и потегна да го земе листот. Момчето забележа, ја стави качулката на глава и листот падна. Едвај чекав да видам што ќе се случи. Момчето го крена листот и заѕвоне на бројот напишан на него. Телефонот на девојката почна да ѕвони, а таа изгледаше како црвена пиперка. Потоа ги видов надвор како слатко разговараат.

Мојата сестра има близнаци. Таа дојде кај мене да се видиме и децата ги остави да ги чува сопругот. Си поминавме убаво и вечерта отиде дома да види како тој се справува без неа. 1 час подоцна, добив порака од неа: „Немаш поим на што се сетил за да ги разликуваме девојчињата!“, а следуваше и фотка...

6-vistinski-prikazni-za-lugje-koi-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-03.jpg

Кога ми доаѓаат гости, тие се позитивни, секогаш зборуваат ентузијастично, споделуваат вести, се шегуваат, пеат и играат, а генерално гледаат во мене. Тие велат дека имам посебна атмосфера во домот. Тајната е едноставна – немам интернет и не фаќам wi-fi од никаде. Така, луѓето мораат да комуницираат, а не да седат на телефони.

Го фатив мојот сопруг дека ме изневерува со помош на електронска вага. Јас постојано си ја мерам тежината и ја контролирам. Еднаш во меморијата на вагата, ми излезе непозната фигура и тежина. Долго размислував кога сум тежела толку и одеднаш сликата ми стана јасна. Го прашав директно. Без шокирана, но призна. Мојот сопруг не беше свесен дека вагите може да бидат толку паметни. Попаметни од него.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg