10 најмали земји во светот кои не сте знаеле дека постојат

Постојат повеќе од 200 земји во светот и сигурно за секоја од нив сте слушнале барем еднаш во животот. Но има и територии на нашата планета за коишто не сме запознаени дека постојат. Тие зафаќаат многу мала површина и некои од нив се населени со само неколку фамилии.

10-najmali-zemji-vo-svetot-01.jpg

Мислите дека нашата држава е мала? Откако ќе ги прочитате следните податоци ќе сакате да си го преиспитате мислење. 

Ова се 10-те најмалечки земји во светот за кои веројатно не сте слушнале никогаш:

Палау

Површина: 459 квадратни километри. Популација: 21.347 жители.

Република Палау е островска земја којашто брои повеќе од 300 острови. Палау е едно од најневеројатните места на планетата Земја. Нејзините дождовни шуми се преполни со ендемски видови на растенија и птици, а територијалните води се населени со 130 загрозени видови на ајкули.

Но, најинтересниот дел од земјата е езерото преполно со преку 2 милиони медузи. Но не грижете се, со текот на годините, тие ја изгубиле способноста да пецкаат.

10-najmali-zemji-vo-svetot-02.jpg

Ниуе

Површина: 261,46 квадратни километри. Популација: 1.190 жители.

Ниуе е островска држава во Океанија. И покрај неверојатната природа, туризмот не е популарен, па токму затоа земјата во голема мера зависи од странската помош, особено од Нов Зеланд. Главниот град е мало село со популација од помалку од 600 жители, но затоа островот има супермаркет, па дури и сопствен аеродром.

10-najmali-zemji-vo-svetot-03.jpg

Сент Китс и Невис

Површина: 261 квадратни километри. Популација: 52.329 жители.

Државата се состои од два острови: Сент Китс и Невис. Еден од главните извори на приход е програмата на економско граѓанство што овозможува секој којшто има 250.000 долари да ги инвестира во локалната шеќерна индустрија и со тоа да се стекне со државјанство.

Друг начин да се стекнете со државјанство е да купите имот со вредност не помала од 400.000 долари на кој било од двата острови.

10-najmali-zemji-vo-svetot-04.jpg

Монархијата на реката Хут

Површина: 75 квадратни километри. Популација: 30 жители.

Монархијата на реката Хут е микронација лоцирана во истоимената провинција во Австралија. Формирана е од Леонард Кесли, којшто ја прогласил својата фарма за нова и независна држава.

Иако земјата не е признаена од ниту една држава, сепак таа има свои пари, поштенски марки и пасоши. Во различни делови од монаријата туристите можат да видат бисти од Неговото Височество, Принцот Леонард Први од Хут.

10-najmali-zemji-vo-svetot-05.jpg

Тувалу

Површина: 26 квадратни километри. Популација: 10.959 жители.

Тувалу е една од најмалите и најсиромашните земји во светот. Економската состојба на земјата најверојатно би била и полоша доколку не им беше доделен домејнот .tv преку кој годишно се слеваат милиони долари во државниот буџет.

10-najmali-zemji-vo-svetot-06.jpg

Науру

Површина: 21 квадратни километри. Популација: 9.591 жители.

Ова е најмалата независна република и најмалата островска земја на планетава. Науру нема главен град, а нема ниту јавен транспортен систем. 35 километри од локалните патишта се користат само од страна на локалните жители со приватните автомобили.

Проблемите со екологијата ја прават оваа земја непопуларна за туристите, а друг неславен рекорд којшто го држи оваа земја е бројот на предебели луѓе, којшто изнесува 70% од популацијата.

10-najmali-zemji-vo-svetot-07.jpg

Монархијата Себорга

Површина: 4,91 квадратни километри. Популација: 312 жители.

Оваа микронација на територијата на Италија е водена од Неговата Страотност Марсело Први. Монархијата Себорга е всушност село со истото име на границата со Франција и има армија која се состои од дури тројца луѓе: Министерот за одбрана и двајца граничари.

10-najmali-zemji-vo-svetot-08.jpg

Република Молосија

Површина: 0,055 квадратни километри. Популација: 7 жители.

Самопрогласената Република Молосија е микронација основана од Кевин Бог, лоцирана во Невада, САД. Молосија се состои од Кевин, неговата фамилија, 3 кучиња, 1 мачка и 1 зајак. Молосија има своја химна, грб и знаме.

Дури имаат и воведено смртна казна за сериозни криминали. Издаваат свои пасоши, па дури имаат и вселенска програма. Во Мај 2017 републиката прослави 40 години од своето постоење.

10-najmali-zemji-vo-svetot-09.jpg

Суверен воен ред на Малта

Површина: 0,012 квадратни километри. Популација: 113.500 жители.

Покрај Ватикан, на територијата на Рим има уште една минијатурна држава, а тоа е Суверениот воен ред на Малта и опфаќа три згради, од кои две се во Рим, а третата е на островот Малта. Земјата има свои пари, поштенски марки, регистарски таблички за возила и пасоши.

10-najmali-zemji-vo-svetot-10.jpg

Монархијата Силенд

Површина: 0,004 квадратни километри. Популација: 27 жители.

Непризнаената држава Силенд е всушност нафтена платформа лоцирана 8 километри од брегот на Велика Британија. Силенд е владеена од самопрогласен принц регент и секој може да стане кнез, барон или војвода во замена за сума од неколку стотици фунти уплатени на сметката на веб страната на државата.

10-najmali-zemji-vo-svetot-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg