НАСА му одговори на писмото на 9-годишно детенце кое сака да стане астронаут
Вработените во НАСА веројатно секојдневно добиваат илјадници апликации за работа. Но, вакво оригинално и искрено писмо досега не добиле, па поради тоа морале да одговорат.
9-годишниот Џек Дејвис отсекогаш сакал да стане астронаут и решил да прати писмо до НАСА во кое објаснува дека сака да работи како офицер за планетарна заштита, работно место кое во моментов го бараат во НАСА.
Почитувана НАСА,
Се викам Џек Дејвис и би сакал да се пријавам за работното место офицер за планетарна заштита. Иако имам 9 години, мислам дека сум вистински избор за работата. Сестра ми вели дека сум вонземјанин. Исто така, ги имам гледано скоро сите филмови со вселена и вонземјани. Ја имам гледано и серијата Marvel Agents of SHIELD и сакам да го гледам филмот Men in Black. Ме бива и за видео игри. Млад сум, па можам да научам да мислам како вонземјанин.
Искрено,
Џек Дејвис, чувар на галаксијата, четврто одделение.
Од НАСА на Твитер објаснуваат дека кога виделе писмо од 9-годишен „чувар на галаксијата“, едноставно морале да одговорат.
А, еве го и нивниот одговорот:
Почитуван Џек,
Слушнав дека си „Чувар на галаксијата“ и дека сакаш да работиш како офицер за планетарна заштита во НАСА. Супер!
Работното место офицер за планетарна заштита е многу кул и многу важно. Така ја заштитуваме Земјата од ситни микроби откако земаме примероци од Месечината, астероидите и Марс. Исто така, ги заштитуваме и другите планети и месечини од нашите бактерии и одговорно го истражуваме сончевиот систем.
Секогаш сме во потрага по нови научници и инженери кои ќе ни помогнат, и затоа треба да бидеш вреден на училиште. Се надеваме дека наскоро ќе ни се придружиш тука во НАСА.
Џемјс Л. Грин, Раководител на одделот за планетарна заштита
Овој одговор сигурно ќе го израдува и охрабри малиот Џек никогаш да не се откажува од својот сон.
М. В. | Црнобело