Што сè треба да знаете пред да одлучите да се тетовирате?

Тетоважата е долгорочна одлука за која треба добро да се размисли. Тоа не е само моментална желба или тренд што брзо поминува.

shto-sе-treba-da-znaete-pred-da-odluchite-da-se-tetovirate-01.jpg

Тетоважата е еден вид на белег кој засекогаш останува на нашето тело.

Затоа, пред да одлучите да се тетовирате треба да дадете одговор на следниве прашања:

Дали навистина сакам да се тетовирам?

Мал спомен од патувањето во Италија кое ви значело можеби и не е толку добра идеја за тетоважа. Убаво размислете зошто сакате да се тетовират и дали сте спремни да поминете низ целиот тој процес.

Дали тетоважата ви е поврзана со нешто значајно во вашиот живот или нешто што во моментот ви се допаѓа.

Каква треба да биде тетоважата?

Мала, голема, црно-бела, во една боја или во повеќе бои, изборот е голем и вие сами одлучувате каква ќе биде тетоважата.

Најдобро е да имате јасна слика во главата за тоа што точно сакате или да однесете фотографија кај тату артистот за да може да се разберете.

На кој дел од телото сакам да се тетовирам?

Местото каде ќе ја ставите тетоважата е исто така важно, па и за тоа треба добро да размислите. Ако имате работно место кое не дозволува тетоважи, ќе треба да ја ставите некаде каде не се гледа веднаш.

Дали добро поднесувам болка?

Тетовирањето е болен процес. Од вас зависи дали и како ќе го поднесете тоа. Исто така, болката е различна на различни делови од телото, па најдобро е да се консултирате со тату артист за ова прашање.

Како да одберам квалитетно студио за тетовирање?

Во последно време, во нашата земја се зголеми бројот на тату артисти. Некои работат сами, некои во свое студио со колеги.

Распрашајте се кај пријатели или луѓе кои веќе се тетовирале да ви го кажат своето искуство и никогаш не одете кај непроверен тату артист.

shto-sе-treba-da-znaete-pred-da-odluchite-da-se-tetovirate-02.jpg

Колку пари сум спремен да потрошам?

Цената на тетоважите варира во зависност од големината, формата, бојата и слично. Однапред планирајте ги парите и проверете колку би чинела саканата тетоважа за да знаете дали имате доволно финансии за тој потег.

Какво значење има за мене тетоважата?

Дали тетоважата е поврзана со некој период од вашиот живот, со одредена драга личности, или можеби со вашиот партнер или децата? Размислете какво значење би имала тетоважата за вас. Ако само ви изгледа привлечно на око, подобро не се тетовирајте.

Кој ќе дојде со мене кога ќе се тетовирам?

Ако ви е страв, понесете некој да дојде со вас. Пријател, момче, девојка, размислете кој би бил идеалниот избор за целиот процес полесно да помине.

Дали сум добро информиран за можностите за отстранување на тетоважи?

Постои можност за отстранување на тетоважи и тоа со ласер. Но, тоа може да ве чини скапо и не одговара на сите облици на тетоважи. Затоа, прво убаво информирајте се и консултирајте се со дерматолог.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст? Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg