Зборуваат монотоно, повторуваат една иста работа: Навики на екстремно здодевните луѓе

Емоционалната интелигенција е клучот на разговорот, а здодевните луѓе ја немаат.

zboruvaat-monotono-povtoruvaat-edna-ista-rabota-naviki-na-ekstremno-zdodevnite-lugje-001.jpg

Секому му се случило да се најде во непријатна ситуација кога со партнерот за разговор како да се потрошиле сите теми и повеќе нема што да си каже.

Најчесто во себе следуваат прашањата: „Дали сум помалку интересен од што мислев“, „Дали сум здодевен“?

Не сакаме да ве направиме параноични – апсолутно секој има капацитет да биде интересен. Сепак има некои луѓе чие друштво ве убива и епитетот „здодевен“ како да си го носат со години.

Еве некои навики и однесувања на екстремно здодевните луѓе:

Здодевните луѓе имаат небалансирани разговори. – Наместо да пронајдат ритам помеѓу зборувањето и слушањето, здодевните луѓе одат во крајност и се создава несиметрија во разговорот. Или само зборуваат или само слушаат. Гласните зборувачи веруваат дека се најзабавната личност во друштвото, додека тивките слушатели никогаш немаат што да кажат затоа што мислат дека никој не сака да ги слуша нив.

Здодевните луѓе не забележуваат дали другите се заинтересирани за разговорот. – Тие не го забележуваат говорот на телото на другите. Дури и кога се гледа дека само од учтивост ги слушаат, тие продолжуваат.

Здодевните луѓе не знаат да ве насмеат. – Тие немаат когнитивна флексибилност односно способност на еден настан или идеја да пристапат од различни перспективи и да се пошегуваат на сметка на тоа.

Здодевните луѓе постојано ги прават истите работи. – Живеат здодевен живот без разновидност и авантури. Различните искуства на луѓето им даваат теми за разговор, а тие го немаат тоа. Новостите и предизвиците ги прават луѓето посреќни.

Здодевните луѓе немаат свои мислења. – Ако не гледате критички на светот околу вас, нема да имате што да понудите во разговорите.

Здодевните луѓе не знаат да раскажат добра приказна. – Да заинтересирате некого треба да знаете да раскажете приказна и треба да се грижите за таа приказна. Студија од 2016 покажа дека мажите кои знаат да кажат добра приказна им се многу попривлечни на жените.

Здодевните луѓе немаат ништо ново да додадат. – Нашите мозоци имаат потреба да слушнат нешто ново и околу тоа се врти еволуцијата од 800.000 години. Ако не им обезбедите нешто ново на слушателите, тие нема да бидат стимулирани. Од здодевните луѓе не можете да научите ништо ново.

zboruvaat-monotono-povtoruvaat-edna-ista-rabota-naviki-na-ekstremno-zdodevnite-lugje-2.gif

Здодевните луѓе не можат да ги видат работите од перспектива на други луѓе. – Способноста некој да се стави во чевлите на другиот го прави интересна личност за разговор. Емоционалната интелигенција е клучот на разговорот.

Здодевните луѓе не вклучуваат никого во разговорот. – Тие само сакаат да ја кажат својата поента со премногу детали, кои не се релевантни. Ако не знаете да ги вклучите другите во кругот, тогаш здодевни сте.

Здодевните луѓе зборуваат монотоно. – Ако луѓето не можат да проценат кога сте сериозни, кога саркастични, а кога возбудени, тогаш сте им здодевни. Вашиот едноличен тон на зборување ќе направи луѓето да мислат дека едноставно мразите сѐ, па дури и дека сте глупави.

Здодевните луѓе се константно негативни. – „Несреќен сум, заробен, одземени ми се можностите... Зошто јас? Виновен е тој, сѐ е нивна вина“. Луѓето полни со негативност се најздодевни од сите.

Здодевните луѓе се повторуваат себеси. – Истата приказна ја раскажуваат одново и одново. Барем прочитајте нешто ново или раскажете случка од последните неколку часа во вашиот живот.

Здодевните луѓе секогаш се жалат дека им е здодевно. – Здодевноста е улица со две насоки. Ако постојано се жалите дека ви е здодевно, тогаш вие им станувате здодевни на луѓето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg