5 работи за кои никогаш не треба да се чувствувате виновно
Чувството на вина е едно од оние чувства кои влијаат негативно на нас, особено ако се чувствуваме виновни за мали работи.
Да, секогаш треба да постои грижа на совест и свесност да не повредиме некого намерно или да се извиниме ако сме згрешиле, но во однос на приоритетите кои си ги поставувате себеси, нема отстапки.
Никогаш не треба да се чувствувате виновно за овие работи:
Одвојување време за себе
Кога не сакате да излезете или едноставно не сте расположени за друштво, соопштете го тоа самоуверено и без страв дека некој ќе ви замери. Времето поминато со самите себеси секогаш треба да биде на прво место.
Кажување „не“
Ако знаете кога искрено да кажете „не“, ќе знаете и кога искрено да кажете „да“. Научете да одбивате работи или луѓе кои сметате дека не влијаат добро на вас. Ќе се чувствувате многу подобро, а и другите повеќе ќе ве ценат за вашата искреност.
Извинување за грешките
Не се чувствувајте лошо ако се извините за нешто. Извинувањето е доблест, а тоа што знаете да преземете одговорност за некој проблем кажува дека сте зрела личност и добар пријател.
Поставување прашања
Ако нешто не ви е јасно, не се плашете да поставувате повеќе прашања. Никогаш нема да научите ако не прашате, па дури и ако прашањето ви делува смешно или ви е срам да го поставите.
Поставување граници
Понекогаш и со најблиските треба да поставиме граници. Погрижете да ги запазите границите кои другите ги поставуваат, но инсистирајте и другите да знаат каде е границата со вас. Ова е сигурен рецепт за долготрајна почит.
М. В. | Црнобело