9 фрази со кои на сите им одите на нерви и не треба да ги користите

Навидум изгледаат безопасно и невино, но во суштина, иритираат до тој степен што на луѓето автоматски им станувате помалку симпатични.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-2-001.jpg

Одолејте им на импулсите да кажете нешто вакво следен пат кога ќе ви дојде:

„Ти кажав! / Знаев!“

Некој прави грешка и вие чувствувате потреба да му ја треснете од глава? Не помагате. Ништо не добивате ако „вие однапред сте знаеле“. Може да добиете само етикета на досаден генијалец, иронично се разбира.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-1.jpg

„Океј“

Ако велите океј со блед поглед на лицето, не се чудете што другите не ве сфаќаат сериозно.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-2.jpg

„Извини што ќе ти го кажам ова, но...“

Реченица која во истата секунда ве прави непријателски настроени. Ако имате потреба да се извините за нешто пред да го кажете, зошто воопшто го кажувате?

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-3.jpg

„Нема да те интересира / Нема да разбереш“

Само замислете си дека не можете однапред да знаете кој за што е заинтересиран и кој колку може да разбере, само замислете на неколку минути. Дали имате потреба да се поставите „над“ некого? Можете вие и подобро...

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-4.jpg

„Не ми го кажа тоа!“

Секако дека има шанси да заборавите или да не сте слушнале, имајте обѕир. Со оваа реченица најлесно ја префрлате вината на другата страна.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-5.jpg

„Те слушам... / Аха, сфаќам што ми кажуваш...“

Не се однесувајте вака кога другата страна очекува информацијата која ви ја кажува да влезе во вашата глава преку вашите уши. На овој начин покажувате незаинтересираност, што секако ве прави одбивни.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-6.jpg

„Опушти се“

Индиферентното „опушти се“ често има спротивен ефект. Како на другиот да не му текнало дека треба да се опушти...

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-7.jpg

„Еве, повторно истото...“

Ако некој повеќепати ви укажува на одреден проблем, не сметате дека е крајно време да го решите? Ако сте изморени од темата – најдете решение, а не повторувајте вакви реченици без поента.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-8.jpg

„Што ќе ти се скапи работи? Убав/а си и вака“

Навистина очекувате дека ова ќе биде сфатено како комплимент? Размислете повторно. Секој сака да вложи дел од парите во својот изглед и тоа е сосема нормално.

9-frazi-so-koi-na-site-im-odite-na-nervi-i-ne-treba-da-gi-koristite-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg