Висока мода во авион - Најдобро облечените стјуарди и стјуардеси се од Hainan Airlines
Авиокомпанија од Кина тукушто го однесе нејзиниот дрес код на едно многу повисоко ниво со тоа што на својот персонал им обезбеди нови стилски униформи од високата мода.
Тие сега изгледаат како буквално да се извадени од насловна страна на модно списание.
Hainan Airlines соработувала со дизајнерот Laurence Xu, кој ја претсави новата колекција на Paris Couture Week.
Инспирирана од Cheongsam, традиционален кинески фустан, униформата имa елементи од западните модерни трендови и традиционални кинески уметнички елементи, како што се цртежи од облаци, бранови, па дури и кинеската митска птица.
„Ние не само што креиравме нови униформи, туку и ја прикажуваме интернационалната слика на нашата авиокомпанија. Посебно на интернационалните патувања, сакаме да им дадеме до знаење на нашите патници дека сега Кина е модерна земја која ги следи трендовите“ – изјави бренд директорот на Hainan Airlines.
Машката верзија на униформата е помалку екстравагантна, со одела и капути и со помалку елементи од традиционалната кинеска култура.
Погледнете колку моќно ќе изгледа персоналот со новите модерни униформи:
М. М. | Црнобело