Сите прашања кои ги мачат невестите: Ќе издржам ли цела вечер на штикли? И што ако заврне?
Најромантичниот ден во животот на еден пар е денот на нивната свадба. Да, но во него најмногу уживаат гостите.
Младенците знаат колку е стресен цел тој процес на планирање, организирање, грижи дали сè ќе испадне како што треба и ред други ситници на кои може некој да помисли.
Вообичаено, невестите се тие кои трпат најголем стрес, бидејќи се грижат за многу работи, додека младоженците повеќе мислат на емотивниот дел од целиот тој настан и се малку поопуштени.
Во продолжение прочитајте ги сите грижи на модерните невести кои им паѓаат на памет кога станува збор за свадбата:
Дали ќе ми издржат шминката и фризурата цел ден?
Ако свадбениот ден вклучува одење во матично, црква и веселба, треба да се внимава на шминката и фризурата, односно да се избере квалитетен и проверен шминкер и фризер.
Дали ќе ми биде точен фустанот?
Венчаницата е еден од најважните работи за една невеста. После толку проби и поправки и варирање на тежината со разни диети пред свадбата, секоја невеста стравува дека фустанот нема да ѝ биде потполно точен и нема да ѝ стои така како што си замислила.
Како ќе помине првиот танц?
Во последно време, младоженецот и невестата го играат првиот танц на нивната омилена песна, а некои и со посебно осмислена кореографија. Обично невестата се грижи да не заборават некој чекор, некој некого да не згазне и слично.
Дали ќе се појави партнерот?
Да, долго време сте заедно со партнерот, но после толку изгледани романтични комедии, нормално е да ви пројде низ глава моментот: „Што ако не се појави или ако не дојде по мене“?
Дали ќе издржам на штикли?
Има девојки кои се навикнати да носат штикли и нив ова воопшто не им претставува проблем. Но, има и такви кои ретко носат високи потпетици. Ако сте една од нив, добро би било да имате пар балетанки при рака, за кога ќе ве заболат нозете од стоење и играње.
Дали ќе заврне?
За ова се грижат и невестата, но и младоженецот. Летните свадби на отворено зависат од временските услови. Добро би било да се договорите со персоналот што би правеле во ваков случај.
Дали ќе дојдат сите гости?
Приближно се знае кој сè ќе дојде, но на невестите често им паѓа на памет дали ќе дојдат сите што треба или пак, да не дојдат многу малку од тие што се поканети?
М. В. | Црнобело