Гастрономски залчиња (кои не се гиро), а мора да ги пробате во Грција
Како и секоја држава, така и Грција има своја прекрасна автентична храна која нé остава со желба за репете. Кој не пробал локумадес крофнички или грчко јагнешко дефинитивно останал неколку килограми послаб и многу посиромашен за уште едно вкусно гастрономско искуство.
Следниот пат кога ќе се најдете во Грција направете место во мешето за:
Локумадес
Мали мини крофнички со чоколаден прелив. Во главниот град Атина се произведуваат уште од далечната 1926 година.
Бугатса
Пита ролнички кои најчесто се консумираат за појадок со солен фил од месо, сирење или полнење направено со гриз.
Грчка салата
Позната уште како horiatiki и многу слична на нашата шопска салата, со тоа што сирењето е исечено на крупни коцки и секако, со многу маслинки.
Јагнешко Клефтико
Историјата тврди дека ова автентично грчко јадење потекнува од времето на грчките клефти (пропагандисти) кои ги ограбиле Отоманските Турци. Јагнешкото клефтико или arni kleftiko најдобро оди со чаша црвено вино од регионот.
Пастисада
Ова јадење има венецијанско потекло. Најдобрата Пастисада ќе ја најдете на Крф, парче јунешко месо добро зготвено во богат црвен сос и тестенини. Како замена за јунешкото се употребува и пилешко или месо од домашен петел.
Мусака
Типично за голем дел од баланските простори, мусаката се наоѓа на задолжителното грчко мени, направена од мелено месо, домати, јајца и павлака.
Свежа риба
Задолжително мора да пробате свежа риба или некој друг морски специјалитет кога сте во Грција. Ќе уживате во вкусовите на школките, лигњите и октоподите зготвени со локални зачини.
Похувани топчиња со домати
Tomatokeftedes наликуваат на типични „похуваници“ со тоа што внатрешноста е исполнета со свежи шери доматчиња. Послужени со богат бел сос за мацкање се неверојатни лесни и вкусни за јадење.
Крокети од тиквички
Задолжително побарајте Kolokithokeftedes кога сте во Грција, бидејќи претставува здрав и одличен вегетаријански оброк за летните горештини. Крокети од свежи тиквички послужени со грчка павлака.
Тарама салата
Особено популарна на Миконос, оваа интересна свежа салата или мезе се прави од икри од различни видови морски риби помешани со маслиново масло, сок од лимон, а понекогаш се додава и компири или леб, па дури и бадеми.
(О)Милена | Црнобело