Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 навики со кои секогаш ќе имате време за себе

Во денешно време е речиси невозможно да одвоиме малку време за себе.

4-naviki-so-koi-sekogash-kje-imate-vreme-za-sebe-01.jpg

Сепак, постојат некои навики кои би можеле да ги усвоиме за секогаш да имаме барем неколку минути посветени на самите нас.

Станувајте порано

Колку и да сте уморни и да ви се спие наутро, ако станете половина час порано од вообичаено, ќе можете тој период да го искористите нешто во кое уживате. Па дури и ако само седите и пиете кафе, уживајте во сопственото друштво пред да започнат дневните обврски.

Паузата за ручек искористете ја надвор од канцеларијата

Нема ништо продуктивно ако паузата за ручек ја искористите јадејќи на канцелариското биро. Излезете надвор, седнете на некоја клупа и ручајте.

Ова е идеално време за себе во текот на работниот ден.

4-naviki-so-koi-sekogash-kje-imate-vreme-za-sebe-02.jpg

Направете договор со себе

Договарањето сами со себе звучи едноставно, но всушност не е. Многу е важно да научиме да си ги почитуваме ветувањата дадени кон себе. Ако сме си задале време во кое ќе се ставиме себеси на прво место, макар и неколку минути, треба да се потрудиме тоа да го исполниме.

Посветете се на вашето хоби

Откако ќе завршат работните обврски, обидете се целосно да се исклучите од тој „филм“ и да се посветите на нешто што го правите од срце, како на пример вежбање, читање книга, шопинг или друга активност во која уживате надвор од работното место.

Ова е клучен фактор за посреќен и поисполнет живот.

4-naviki-so-koi-sekogash-kje-imate-vreme-za-sebe-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg