Нов бизарен тренд – привремени тетоважи на усните и очните капаци (фото)
Мислевте дека сте виделе сè кога станува збор за новите трендови на убавина? Всушност, овој моден тренд не се разликува премногу од оние сликички со привремени тетоважи кои ги имаше порано во гумите за џвакање, па ги лепевме на телото со помош на водена крпа.
Принципот на нанесување е сосема ист, само овие апликации се поминијатурни и некој решил да ги испроба на усните и очните капаци, па така се родил новиот тренд.
https://www.instagram.com/p/BSOhsl6hjeO/
Нанесувањето бара малку вештина и многу трпение, а прекривањето со густ слој проѕирен сјај за усни и очи е неопходно за да се осигура долготрајноста на тетоважата до следното миење на лицето.
Очигледно инспирацијата за разубавување е на ниско ниво и гребе на дното, нели? Како вам ви се допаѓаат овие привремени шаренолики тетоважи за усни и очни капаци?
(О)Милена | Црнобело