Дали вистинскиот Волк од Вол Стрит е богат до ден денес?

`80-тите биле време на константен раст на берзата, многу пари се заработувале и се губеле речиси преку ноќ и тие што биле на врвот трошеле прекумерно и живееле живот од соништата. 

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-4

Џордан Белфорт заработил неверојатно богатство преку контроверзна и илегална кариера. Меѓутоа изгубил сè кога целата мрежа на лаги му била откриена. Вистинскиот волк од Вол Стрит живеел екстравагантен живот и неговата приказна е успешно прикажана во Холивудскиот филм во кој главниот лик е прикажан од Леонардо Ди Каприо.

Но, која е всушност вистинската приказна за Џордан Белфорд, каков бил навистина неговиот живот и каде се личностите од филмот денес? И тоа што најмногу ве интересира, дали успеал тој да зачува дел од богатството?

Во 1999-та година, Белфорт бил осуден на 4 години затвор, од кои отслужил само 22 месеци.

Денес поранешниот брокер е познат автор, мотивациски говорник, има своја фирма за консалтинг, 2 брака позади себе, две деца и нова девојка која јавно го поддржува на патот кон нов успех.

Денис Ломбардо била првата сопруга на Белфорт. Стапиле во брак уште кога Џордан пробувал да успее во светот на брокерството. Меѓутоа додека сè уште бил во брак со неа, започнал афера со моделот Надин Кариди која подоцна ќе му стане и втора сопруга.

Надин Кариди била успешен модел во периодот кога се запознала со Белфорт.

Се сеќавате на сцената од филмот во која тој првпат ја здогледува својата следна сопруга?

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-1

Во вистинскиот живот, Надин доаѓа на забавата со нејзиното поранешно момче кое професионално се занимавало со тркање со автомобили и бил успешен претприемник.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-2

Тој сепак не е среќен од начинот како бил претставен во филмот.

Вели дека режисерот направил тој да изгледа многу очајно и како Белфорт да му се потсмевал.

Вели дека сцената во која тој како успешен тркач со автомобили се појавува во своето Ферари не била вклучена, а ниту пак фактот дека тој всушност бил многу попознат и побогат од Белфорт.

Веднаш потоа Надин и Белфорт ја започнале својата афера и тој набрзо ја оставил својата љубов од средношколските денови и се оженил со моделот. Имаат две деца заедно, девојче по име Чендлер и момче по име Картер.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-10

Јахтата од филмот, го носи името на моделот, а така е и во вистинскиот живот. Јахтата била оригинално направена за Коко Шанел, а денес лежи на дното на морето заедно со бракот на Белфорт, кој пропаднал поради многуте неверства и користењето на дрога во прекумерност. Бракот завршил во 2005 година.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-13

Надин Кариди во вистинскиот живот, освен што била модел е и магистер по Психологија. Таа денес е среќно омажена со Џон Макалузо, генерален директор на „Wizard World“.

Се сеќавате ли на Дони, кој во филмот беше портретиран од Јона Хил?

Неговата поранешна сопруга во интервју точно опишала каков бил животот со огромното богатство кое го стекнале нејзиниот сопруг и Белфорт. Таа вели дека кога првпат го запознала Дони, во 1984 година имал мал бизнис кој се занимавал со разнесување на пошта.

Таа имала 22 години додека тој имал 27, била импресионирана од него.

Но сепак, тој сакал работите да се движат многу брзо и една година подоцна ја побарал за сопруга.

Таа имала многу лош инстинкт кој ѝ велел дека не треба да се омажи за него, меѓутоа и Дони, како и Белфорт, бил многу добар на зборови и ја убедил.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-9

Се вселиле во стан со две спални соби во населба што личела на кампус во кој живеат млади парови кои тукушто го започнуваат заедничкиот живот. Таа всушност прва се запознала со Белфорт, била бремена и секој ден во автобусот имало едно фино момче кои ѝ чувало место за седење.

Била импресионирана од неговата шармантност и изгледал неверојатно пријателски и бил многу заљубен во неговата прва сопруга Денис. Таа го натерала нејзиниот сопруг да се запознае со него, затоа што и изгледал како успешен бизнисмен кој може да им помогне.

После само еден разговор со Белфорт, Дени одлучил да полага испит со кој ќе може да стане брокер. Кога ја добил лиценцата Белфорт му нашол работа во фирмата каде што тој работел. До тогаш тој бил мило, мирно момче кој никогаш многу не се грижело за пари. Тие биле нормален пар кој работел преку неделата, а викендот правеле скара со пријателите

dali-vistinskiot-volk-od-vol-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-3

Кога, Белфорт и Дони си отишле од фирмата за која работеле, почнал да работи во новата фирма на Белфорт. Почнале да заработуваат огромно богатство. Таа вели дека тој набрзо станал опседнат со пари. Но, сепак таа не знаела дека парите се заработени на нелегален начин.

Нивниот нов живот во друштво на Белфорт и веќе неговата втора сопруга се состоел во купување на огромни луксузни куќи, неверојатни и гламурозни забави, луксузни автомобили, приватни авиони. Таа вели дека се чувствувала како да троши пари од Монопол.

Дони ја лажел дека тие всушност прават добри дела со начинот на кој ги заработуваат парите. И велел дека благодарение на нив многу луѓе се вработени и дека инвестираат во компании кои се грижат за природата. Вели дека двата пара привлекувале огромно внимание каде и да се појавеле со јахтата на Белфорт и дека луѓето ги гледале како да се филмски ѕвезди.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-seuste-bogat-denes-5

Кога целиот твој свет се срушил и го уапсиле незјиниот сопруг таа вели дека целата таа сцена приликувала на шоуто “Surviror”. Секој гледал сам да се спаси и ја насочувал полицијата кон другите, а Белфорт го немало никаде ни да се јави.

Таа сепак останала со него преку се, дури и го чекала да излезе од затвор, но една година откако излегол од затвор и кажал дека е вљубен во друга жена и ја оставил. Сега тој живее во мултимилионерска палата во Флорида, додека неговата сопруга едвај спојува крај со крај со цел да го прехрани семејството. Била тужена многу пати поради тоа што тој го ставал нејзиното име на документи, ѝ земале се што било на нејзино име, но Дони успеал да сокрие пари и пак да живее на сличен начин со неговата нова сопруга.

Денес Белфорт сè уште живее на висока нога

Тој има долг од 100 милиони долари кој треба да го исплати на своите жртви од кои крадел, и е договорен со властите да го исплаќа долгот од 50% од профитот што ќе го заработува. Меѓутоа властите тврдат дека тој нема ништо платено, освен 11 милиони што му биле земени откако бил продаден неговиот имот.

Сепак сè уште живее на висока нога во Австралија со неговата девојка Ана Коп. Тамошните жители велат дека тој вози луксузно Порше, често се вози со хеликоптер и оди на луксузни одмори.

Неговата куќа можеби не е иста како таа што ја имал во `90-тите, но е исто така прилично луксузна. Самиот кажува дека ако не заработува повеќе од 10 милиони долари годишно се чувствува како губитник.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-8

Заработува околу 30.000 долари од еден настап во кој држи мотивациски говори. Се вели дека сега бил вклучен во некоја нова измама во која ги лажел луѓето да се пријават на некоја владина програма за добивање на фондови од која тој зимал процент.

Исто така, неговата консалтинг фирма заработува многу. Никој не знае која е неговата нето вредност денес, но според начинот на кој живее се гледа дека заработува многу.

dali-vistinskiot-volk-od-vol-strit-e-seuste-bogat-denes-11

Од продажбата на неговата книга во која ги опишува деновите во кој живеел како волкот од Вол Стрит, заработил околу 2 милиони долари, а со продажбата на приказната за филмот заработил уште 1 милион. Исто така се вели дека во странски банки има уште многу пари до кои никој не може да дојде.

Тој вели дека сексот и дрогата во филмот биле многу точно претставени

Еднаш додека бил во Лондон му снемало дрога во 4 часот наутро и ја разбудил својата секретарка за да го снабди со нова доза. Другпат едвај го приземјил хеликоптерот затоа што возел само со едно отворено око, затоа што гледал дупло од големата доза.

Издрогиран ја турнал жена му по скали додека гледала малата ќерка и потоа се забил во вратата на гаражата со неговиот автомобил, додека ќерка му седела напред до него.

Плаќал на проститутки со кредитна картичка од неговата компанија, и потоа дури ги запишувал тие трошоци во даночните пријави.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg