17-годишен тинејџер ја покани Ема Стоун на матура со епска кореографија од „La La Land“
Амбициозен тинејџер решил да си ја проба среќата и да ја покани актерката Ема Стоун да оди со него на матурската вечер.
За таа цел креирал песна, кореографија и видео инспирирани од последниот филм каде глумат Рајан и Ема заедно, „La La Land“, за да ја покани Ема да дојде со него на прославата за матура.
17-годишниот Џејкоб Стоденмајер ја имитира сцената на почетокот од филмот, кога сите пеат на автопатот кон Лос Анџелес.
„Решив да ја поканам Ема Стоун да дојде со мене на матура со имитирање на почетната сцена од „La La Land“. Измислив нови стихови и кореографија, а видеото го направив на паркинг. Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели и возрасни кои ми помогнаа и овозможија ова да се случи“ - напишал Џејкоб на неговото YouTube видео.
Секако, стана вирална сензација која за краток период доби над 70.000 прегледи:
Н. Г. | Црнобело