Фотогеничен пар патува и заработува по 9.000$ за една фотка на Инстаграм

Џек Морис, 26, и неговата девојка Лорен Бурен, 24, се запознале во март 2016 година кога заедно патувале на Фиџи.

zivot-kako-od-sonishtata-parot-koj-zarabotuva-po-9-000-od-fotka-na-instagram-01_copy_copy.jpg

Како неразделен блогерски пар заедно посетиле 45 земји истовремено заработувајќи и претставувајќи ги своите фотографски ремек-дела.

Џек, кој е по потекло од Манчестер, открива како тој и неговата девојка ја трансформирале нивната пасија во полно работно време.

Зборувајќи за неговиот блог „Дали патувате“ Џек Открива дека клучот за настанување на совршена фотографија е тајмингот. Обично фотографиите ги прават на доста фреквентни места, на околу еден час по изгрејсонце кога нема премногу гужва.  

Џек вели дека избегнува да ги користи Инстаграм филтрите и сака фотографиите да бидат оригинални.

„Јас не употребувам никакви мобилни апликации или филтри, фотографиите ги уредувам користејќи само Lightroom на мојот компјутер“.

Џек, како поранешен чистач на теписи, во 2016 се преселува во Бли со Лорен за да прават реални фотографии од најфотографираните места на светот.

Тој додава: „Ние се обидуваме да правиме баланс помеѓу нашето живеење на Бали, патувањата заради работа и патувањата за забава. Наша цел е да посетиме барем една нова земја месечно, која нема да биде поврзана со работата и за тоа одлучуваме во последен момент“.

Тој уште открива дека сите нивни  заеднички фотографии ги прават самостојно користејќи статив и тајмер.

Двојката ја совладала уметноста на блогирањето и има над три милиони следбеници, притоа заработувајќи илјадници долари за секој спонзориран пост.

Џек открива дека во јануари тие не прифаќале спонзориран пост за помалку од 3.000 долари. Најголемата исплата која ја заработил Џек за еден пост изнесува 9.000 долари, додека најплатениот пост на Лорен изнесува 7.500 долари.

„Работејќи за една компанија за телефони, отпатував на три дена од кои два дена снимавме, а потоа направив 5 фотографии за Инстаграм, и со тоа заработив 35.000 долари“.

Но, и покрај високите заработки Џек и Лорен прифаќаат спонзорирани постови само за брендови и компании кои тие лично ги поддржуваат.

„Бев контактиран од компаниите уште пред да започнам да ги примам понудите. Не се грижев за заработката, бидејќи целиот проект го работев од забава. Но, како што растеа понудите сфатив дека некои од нив едноставно не смеам да ги пропуштам“.

Во една своја изјава Џек вели дека за време на првите девет месеци од нивната врска Лорен се здобила со 700.000 следбеници, а тој заработил повеќе од половина милион евра.

Глобалните брендови како Royal Caribbean Cruises, Disney, AirBnB, NRMA осигурување и уште многу други компании и даваат поддршка на двојката.

Лорен дури била принудена поради работата да одбие ангажмани на некои модни брендови.

„Чувството е идеално. Навистина не се надевав дека ќе најдам некој со кој ќе можам да споделувам вакви моменти, и притоа се да функционира на овој начин“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg