Викенд танцување: Научете ги основните чекори на латино танците
Корените на латино танците потекнуваат најмногу од Средна и Јужна Америка, но сепак иако широко распространети тие делат исти карактеристики како што се ритамот и слободара во изразувањето преку импровизација во основните чекори.
Иако постојат повеќе поттипови на основите латино танци, како основни на натпреварувачките подиуми во „balroom dance" се танцуваат самба, румба, џајв, пасо добле и ча ча ча.
Ако отсекогаш сте сакале да ги научите основните чекори, но едноставно не ви останало време да посетите курс по танц, тогаш во продолжение запознајте се со основните работи кои треба да ги знаете за овие пет латино танци:
1. Самба
Самбата најмногу се игра во Бразил уште од 16 век на сите улични фестивали и прослави. Она што е карактеристично е дека самбата на почетокот била играна од еден танчар/танчарка, а не танчарска двојка. Се одликува со низа на чекори кои одат напред назад, во една затворена танцова рамка. Критичарите сметаат дека неговиот весел карактер всушност го направил овој танц еден од најпопуларните.
2. Румба
Корените на румбата лежат во Куба, каде што се развива како танц за двојки со еротска содржина помеѓу машкиот и женскиот танчар. Понатаму се раширила во Америка и Европа и имала побрзо темпо од она што во денешно време може да се види на танцовите натпревари. Денес се разликуваат два стила, Американски стил и Интернационален стил.
3. Пасо добле
Пасо добле е танц кој потекнува од Шпанија, а познат по тоа што важи за еден тензичен, театрален танц кој ја покажува постојаната борба помеѓу матадорот и бикот (претставени преку машкиот и женскиот танчар).
4. Ча ча ча
За овој танц се смета дека потекнува од Куба кој станува популарен во САД некаде околу 1950 година. Овој танц може да се танцува на различни жанрови на музика како автентична кубанска музика, латино рок или латино поп музика.
5. Џајв
Овој танц потекнува од Афро-Американците кои што живееле на територијата на САД околу 1930 година. Тој е еден брз, весел, возбудлив танц кој едноставно ве тера да заиграте.
Н. Буџак | Црнобело