15 лоши мрзеливи навики од кои треба да се ослободите

Сите ние на некој начин сме робови на одредени лоши навики и зависности. Но, оние кои ни го трујат умот повеќе отколку телото се веројатно најлошите. Тие нé успоруваат, обликувајќи нé во кенкави, мрзеливи и вечно незадоволни луѓе.

Losi-mrzelivi-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-01.jpg

Време е да свртиме нов лист и да се ослободиме од навиките кои ни уназадуваат личниот развој, како менталниот, така и професионалниот.

Пред вас имате листа од вакви навики – се пронаоѓате ли во неколку?

Постојано наоѓате изговори

Се успав, задоцнив поради сообраќајот, уморна бев, ме болеше многу главата... се пронајдовте? За секоја една работа во животот вие веќе имате изговор кој го користите како пречка. Ослободете се од оваа лоша навика.

Станете порано, обидете се да стигнете навреме, напијте се апче против главоболка. За сé постои решение доколку се сака.

Го проверувате мејлот на секои 5 минути

Всушност, го правите ова бидејќи ги избегнувате активостите што навистина треба да ги сработите. Го проверувате мејлот на секои 5 минути. Па Фејсбукот, па следуваат Твитер и Инстаграм. И повторно од почеток како во некој маѓепсан виртуелен круг, неработејќи ништо сериозно и губејќи скапоцено време.

Немате јасна претстава што сакате од животот

Само знаете дека не ви се допаѓа и не сте задоволни од животот. И што понатаму? Имате ли некое изводливо решение како да се подобри ситуацијата? Наместо тоа, постојано се жалите, пасивни сте и несериозни.

Се откажувате при првиот неуспех

Никој не рече дека ќе биде лесно, ниту дека ќе успеете при првиот обид. А веќе во следниот миг вие ги кревате рацете и се откажувате. Учете од грешките, вежбајте трпение и упорност. Ништо на светот не доаѓа лесно или подарено.

Не читате доволно

Ниту весници, ниту списанија, ниту каква и да било друга литература. Со изговорот „доволно читав на факултет“ нема никаде да стигнете. Со читањето го развивате мозокот, ја подобрувате меморијата, го изострувате критичкиот став. Не може да се декларирате како интелектуалец или успешен човек ако не читате книги и тоа е крајот на приказната.

Поминувате премногу време на социјалните мрежи

Пресметајте – колку време вкупно поминувате на социјалните мрежи во текот на денот? Доколку овие навики го преминуваат времето од 2 часа, вие сте во сериозна неволја. Освен ако работата не ви е стриктно врзана за нив, вие во принцип не правите ништо продуктивно, а се заморувате.

Не ги одржувате ветувањата

Лесно ги правите, тешко ги одржувате ветувањата, или пак воопшто не им обрнувате внимание. Тоа доволно зборува за вас и вашиот карактер. Човекот од збор го цени секој, бидете еден од нив.

Не сакате да учите нови нешта

Скептични сте, затворени кон секое ново искуство, без разлика дали станува збор за зборување нов јазик, патување во непозната земја или нешто толку банално како испробување нова храна. Убавината е во тоа постојано да се пробуваат нови работи, така станувате побогат човек.

Се откажувате пред самиот крај

Конечно решивте да ја сработите работата како што треба, а пред самата цел кревате бело знаменце се вртите и си одите дома. Завршете ја трката без оглед кое место ќе го освоите. Чувството кога целосно ќе завршите некоја работа е бесценето.

Постојано купувате храна која не ја готвите

И подоцна завршува во канта за ѓубре. Ова е лоша навика од неколку аспекти – трошите беспотребно пари, не сте внимателни кога станува збор за храната во фрижидерот, мрзеливи сте за да си зготвите нешто. Помислете дека има луѓе кои гладуваат следниот пат кога стоите со ќеса полна расипана храна над контејнерот.

Не комуницирате доволно со саканите

Ги одбегнувате нивните повици, не се појавувате на семејните ручеци, прослави или закажаните средби. Запаметете, животот е краток, ќе се каете поради пропуштените можности за дружба со саканите лица.

Премногу гледате телевизија

Пред некој ден една пријателка ме запраша – Зарем гледањето ТВ е сé уште во мода? Навистина, дали е? Доколку поминувате премногу време пред екранот, простете се од оваа лоша навика. Читајте, спортувајте, дружете се. Има толку поубави начини да се пополни слободното време.

Не запишувате важни работи

Ако сте од оние што постојано се ослонуваат на својата меморија тогаш правите огромна грешка. Невозможно е да запаметите толку многу детали, а и непотребно го оптоварувате мозокот. „Паметниот си запишува“.

Одбивате да излезете од автомобилот

Макар и за кратки релации од 1 km до каде што комотно може да испешачите. Престанете да го употребувате автомобилот кога апсолутно нема потреба од него. Возете велосипед или пешачете за свое и сечие добро.

Не кажувате благодарам

Бидејќи сметате дека нема потреба или дека другиот веќе знае дека сте благодарни. Или заборавате. Но, зборот благодарам е магичен, изговорете го со насмевка и забележете ја позитивната промена во односот со лицето кому му искажувате благодарност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg