Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5-те најтешки јазици во светот за учење – знаете ли некој од нив?

Велат дека не секој поседува талент за учење и зборување странски јазици. Но, да не се лажеме, од еден до друг јазик има огромна разлика. Не е никакво чудо што кинескиот јазик е најголем предизвик за совладување, дури и за најголемите полиглоти.

5-te-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-001.jpg

Дознајте кои се останатите најтешки јазици за зборување и пишување во светски рамки:

Кинески јазик

1/5 од вкупната светска популација го зборува кинескиот јазик, факт што не го прави нималку едноставен за учење. Стандардниот кинески јазик се зборува во Народна Република Кина, Република Кина (Тајван) и Сингапур. Говорниот кинески јазик се одликува со голема внатрешна разнообразност, каде што постојат од 6 до 12 регионални групи на кинески јазик, а најдоминантна е мандаринската верзија.

Ova-se-pette-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-02.jpg

Арапски јазик

Денешната структура на арапскиот јазик води потекло од класичниот арапски кој се зборувал во текот на 6-иот век. Литературната форма се нарекува стандарден арапски јазик и е единствена официјална форма која се користи во пишаната комуникација, медиумите, образованието итн. Како дел од семитските јазици, арапскиот е најсроден со хебрејскиот јазик.

Ova-se-pette-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-03.jpg

Виетнамски јазик

Националниот јазик на Виетнам претставува и првиот избор за зборување за голем дел од етничките малцинства во државата. Виентамскиот речник има позајмени зборови од кинескиот јазик, но денешната виетнамска азбука има латинична основа, со додатоци од дијакритички знаци за различни тонови.

Ova-se-pette-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-04.jpg

Тајландски јазик

Популарно нарекуван уште и тајски јазик или сијамски, овој комплициран јазик припаѓа во групата на крадајското јазично семејство (тај-кадај). Тонски и аналитичен, тајскиот јазик се одликува со сложен правопис и разни зборови за односно означување.

Ova-se-pette-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-05.jpg

Исландски јазик

Овој јазик е сличен со фарскиот и западните дијалекти на норвешкиот јазик. Граматичките правила му се слични со оние на латинскиот јазик, односно старонорвешки и староанглискиот јазик, со употреба на деклинации на именките.

Ova-se-pette-najteski-jazici-vo-svetot-za-ucenje-znaete-li-nekoj-od-niv-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg