Пијалоци кои ќе ве загреат
Што е најубаво да пиете во овие студени зимски денови? Ако треба да бирате меѓу пиво и варено вино за што попрво би се одлучиле? Еве што може да ве...
...загрее најубаво:
1. Коњак – го грее грлото и стомакот. Најдобро е ако претходно е загреана и чашата;
2. Чај со рум – овој пијалак е омилен на сите кои не смеат да пијат алокохол. Изгледа како да пиете чај, а всушност полека се напивате;
3. Варено вино – не мора да биде некое врвно. Доволно е дома да имате доволно вино, шеќер, цимет и каранфилче и целата куќа ќе мириса прекрасно;
4. Водка – пијалак на руските зими. Ако се сетиме на поларните зими во Русија, од оваа пијачка мора да ни дојде топло околу срцето;
5. Виски-кола – секогаш одличен избор, особено во ова време. Носи некоја меланхолија во себе, исто како и времето надвор;
6. Јегермајстер – кралот на сите зимски пијанки, забави и нови години. Класика која не може да исчезне.