6 ситуации кога пријателката мора да биде поважна од момчето

Кога ќе влеземе во нова врска, сосема нормално е целиот свет да почне да ни се врти околу новиот човек, па може дел од пријателите сосема ненамерно да ги заборавите.

6-situacii-koga-prijatelkata-mora-da-bide-povazna-od-momceto-01.jpg

Но, постојат 6 ситуации во кои пријателката секогаш ќе биде поважна од момчето.

1. Кога момчето ќе ја остави

Вашата најдобра пријателка ќе има потреба од вас посебно ако тој ја прекинал врската. Без оглед на тоа дали раскинувањето е изненадно или сите го чувствувавте крајот, потребна и е утеха и една мала терапија.


2. Кога таа ќе го остави момчето

Па дури и ако тој не ви се допаѓаше, тоа што го оставила не треба да го славите. Без оглед кој ја дал иницијативата, сигурно не и е лесно.


3. Кога ќе поминат 5-6 недели од вашето последно кафе

Никогаш немојте да заборавите на исполнувањето кое женските дружби ви го носат. Ако последен пат бевте на кафе или излеговте пред повеќе од месец и половина, време е да го повторите.


4. Кога сериозно ќе се скарате

Голема е веројатноста дека прво ќе му се испожалите на партнерот, но откако ќе ја оладите главата време е да кренете телефон. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен.


5. Кога и треба +1

Ако пријателката ви е сингл, а е повикана на венчавка или некој друг гламурозен настан, не ја пуштајте да оди сама. Тоа ќе биде добра прилика да се забавувате и да си го продлабочите односот.


6. Кога се прашува дали тој е вистинскиот

Ако има двоумење околу љубовта и партнерот, ако се прашува дали тој е вистинскиот, потрудете се да бидете тука за целовечерни дискусии. Вие секако сте пообјективни.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека вашата пријателка е во насилна врска (и можеби ѝ треба помош) Партнерот не ѝ дозволува да излегува со вас, нагло го променила стилот на облеку...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg