Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Убавината на зборот

Никој не може да претпостави какво е чувството кога си дете и почнуваш да учиш зборови. Во тој момент, тоа не знае да ти објасни. Детската душа се впушта во една непрекинлива и секогаш возбудлива авантура на откривањето. Детето ќе стане возрасен човек, ќе располага со одреден фонд на зборови кои му ја овозможуваат потребната комуникација со секојдневните соговорници.

ubavinata-na-zborot.jpg

Притоа (губејќи го детското во него) станува мрзлив за откривање на нови зборови или откопување на старите, архаичните и нивно воскреснување.

Ајде да го започнеме патувањето! Да пробаме да бидеме деца кои секој ден ќе откриваат по еден нов збор од јазикот кој несвесно задремал на страниците од некој речник, енциклопедија, книга со поезија или шарена детска сликовница.

Сетете се кој е најубавиот збор кој воопшто сте го слушнале. За мене тоа е „пеперутка“. Кога го слушам зборот, ми мириса на пролет, на новост, на свежина. Мојот збор ја има формата на непресушна радост која е потребна секому! Има и боја! Некогаш бела, невино чиста како првиот снег во ноември, некогаш пурпурна како августовските изгрејсонца кои се спојуваат со планините, некогаш румено портокалова како зајдисонцата кои страсно се галат со морските бранови. Некогаш толку шарена како ѕуницата.

И пеперутката и ѕуницата ме потсетуваат на преобразба, на промена! На себепреобразбата од која започнува менувањето на светот. Или на онаа кога некогашното девојче со кадрави коси и испаднати запчиња ќе стане жена во долг фустан со убава насмевка и две-три лузни кои сведочат за нејзиното искуство. Или на онаа преобразба кога детското, љубопитно и проникливо „зошто“ ќе стане цврстото и машко „затоа“ како одговор на сите женски недоумици.

Пишувајќи за пеперутката открив уште десетина други зборови кои носат моќ, магична страст и недопрена убавина кога се изговараат. Кога влегуваат во твојот мозок, а си ги слушнал кажани со најубавиот глас. Убав збор ми е „танц“, иако има романско потекло. Веднаш на него ми се сврзуваат „тангото“ и„тандемот“. Веројатно поради тоа што за танго се потребни двајца, за страст се потребни двајца, за убавина потребни се двајца!

Ајде да разговараме за убавината на зборовите, нивната моќ додека се во нас и нивната цел кога излегуваат од нас! Убави се оние зборови кои сами носат по една приказна. На пример, зборот „прегратка“. Нема таква која не е почеток на една приказна. Можеби ќе раскажува за првата, долгоочекувана средба или за непланираната разделба која боли во грлото. Тоа е приказната за таткото кој го прегрнува своето дете и го крева високо за да го допре таванот и да почувствува моќ. Или онаа прегратка кога сопругот ја гушка веќе изморената сопруга од дневните обврски, кажува дека сѐ ќе биде во ред, па прегратката

има намера да ја добие придавката страсна. Приказна започнува и од прегратка за утеха и сочувство, и од онаа за споделување радост. Од онаа која затоплува, па сѐ до онаа која ја замрзнува душата. Секоја приказна има своја прегратка. И обратно. И зборот „насмевка“ ќе го сместам овде. Секоја насмевка има таква магична аналогија која тера на размислување. Насмевка од среќа, од милост, од разбирање, од разбивање на тензија, од невообичаеност, од љубов, од лудило, од иронија, од завист… Сетете се на последната насмевка која сте ја добиле… Убаво ви било!? Да, добивте гест, не збор. Но, позади него се крие цела една приказна… Со многу зборови!

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg