Каква боја на облека носите моментално? Црвена носат доминантните, а црна незадоволните

Добро знаеме дека облеката не го прави човекот, но затоа пак многу открива за неговата личност.

kakva-boja-nosite-momentalno-crvena-nosat-dominantnite-a-crna-nezadovolnite-001.jpg

Личниот стил со текот на времето се трансформира, но неговите основи остануваат. Токму затоа, може да се каже дека стилот е одраз на психата на поединецот. Преку кројот, боите и дезенот на облеката откриваме кои се нашите мисли, чувства и расположение во моментот.

Кога станува збор за деловниот свет, може да се каже и дека облеката претставува наша лична карта и моќна алатка преку која го градиме личниот имиџ.

Како што се вели во филмот Форест Гамп: „Мама секогаш кажуваше дека можеш многу да дознаеш за човекот од неговите чевли. Каде се упатени и каде се биле“.

Таков е случајот и со облеката, посебно кога човекот има изграден и впечатлив личен стил, а прво што може да се забележи е карактеристичната боја. Отворете го гардероберот и прво нешто што ќе забележите е бојата на вашата облека.

Фабер Бирен кој бил специјализиран консултант во индустријата на бојата и автор на 25 книги за теоријата на бојата вели: „Постои можноста да направите прилично точни процени од омилените бои на личноста и така да ги откриете нејзините главни карактеристики“.

Психолозите тврдат дека контрастните бои оставаат најсилен впечаток. Еднобојното облекување открива прагматична и едноставна личност која е посветена на својата кариера. Карираните дезени се типични за авантуристите.

Што се однесува до боите, статистиката вели дека најискористени бои се: црната, белата, црвената и сивата.

Истражувањата покажуваат дека црната боја ја носат авторитетни личности. Но, истата има и негативна конотација. Имено, често другите луѓе ја избегнуваат оваа личност, бидејќи ја сметаат за личност која е депресивна и дека ја црпи туѓата енергија.

Станува важно прашањето: Зошто токму оваа боја ни е толку важна, а не на пример, виолетовата која е симбол на индивидуалноста и креативноста? Дали зад тоа стаи фактот дека таа е сè уште класична? Или можеби затоа што може да се комбинира со сè?

И додека сите носат најчесто црно на себе, добро се знае дека спротивниот пол заведува со црвената. Адам Адлер, професор по маркетинг, направил експеримент во кој докажува дека црвената боја предизвикува најинтензивни социјални реакции.

Токму затоа експериментот на Адлер се состоел од менување на бојата на облеката. На интернет страна за состаноци жените ја правеле истата поза на фотографиите, а ја менувале бојата која ја носеле.

Што мислите какви биле резултатите? Секако црвената боја правела големи разлики во перцепцијата на мажите. Истите жени им биле попривлечни на мажите кога носеле црвена облека на нив.

Симболичното значење на црвената боја е дека таа е боја на љубовта, страста и желбите, односно како што Адлер наведува, црвената боја има биолошки сексуална предиспозиција. Животните често подцрвенуваат при самото сексуално возбудување.

Костумите во сини нијанси ја отсликуваат стабилноста и лојалноста и токму затоа оваа боја се препорачува на деловни состаноци и интервјуа за вработување. Сината боја сигнализира на мирна, смела и верна личност со висока самодоверба.

Канадските истражувачи од Универзитетот Британска Колумбија ги издвоиле вообичаените бои и кои се нивните значења, односно какви личности сме според изборот на бојата:

Сина – лојални, вредни и софистицирани

Црвена – енергични, доминантни и импулсивни

Виолетова – креативни и индивидуални

Црна – авторитативни, елегантни и едноставни

Портокалова – ентузијастични, социјални и површни

Зелена – одлучни, задоволни и страствени

Розова – повлечени, чувствителни и романтични

Бела – ненаметливи, сигурни и уредни

Жолта – ведри, несериозни и интелигентни

Каква боја носите во моментов?

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg