Бегајте што подалеку од токсичните пријателства
Секој има потреба од вистински пријател. Личност која може да ја нарече свое второ јас, која е добро раме за плачење и што ли уште не. Но, во листата на најдобри пријатели постои можноста и за некои кои во ниту еден случај не влијаат добро на вас.
Со својот шарм, харизма и генијалност тие едноставно ќе ве маѓепсаат, ќе ви навлезат под кожа и целосно ќе ви го размрдаат и дестабилизираат патот под нозете.
На почетокот ќе бидете толку воодушевени од нив и незабележано добро ќе ве изманипулираат за остварување на сопствените потреби и цели. Вие ќе бидете нивна сцена на кои се одвиваат нивните лични драми.
Јасно е дека на сите нас ни се потребни пријатели, но постојат такви кои нема да ви донесат ништо добро во вашиот живот. Тие едноставно ќе бараат премногу, а нема да ви даваат ништо за возврат. Ќе ве критикуваат, ќе ве трошат емоционално и енергетски. Едноставно ќе ве прават послаби и несреќни.
На нив не можете да им верувате. Единствено нешто што можете да добиете од таквите личности е стрес.
Досега веројатно се сетивте на некоја личност која ја нарекувате пријател така? Колку таа ве исцрпува? Во случај веднаш да се сетивте на некоја таква личност имајте на ум дека странува збор за отровен пријател кој ве троши и исцрпува.
Пријателството не е однос на паразит и домаќин. Нерамноправен однос во кој едната личност се рани, а другата дава енергија. Во кој едната добива сè што и треба, а другата воопшто да не биде ни прашана како се чувствува.
Отровните пријателства може да ви ја нарушат самодовербата и да направат да се чувствувате како „прегазени од камион“. Доколку сте свесни дека имате таква блиска личност покрај вас, која ве прави уморни, исцрпени и несреќни, тогаш време е за аларм.
Истражувања кои се направени на повеќе од 10.000 испитаници покажуваат дека луѓето кои имаат негативна блиска личност имаат и нарушено здравје.
Типични симптоми на токсично пријателство се: замор, слабеење на имунитетот, вртоглавици и главоболка.