Зошто толку болат исекотините од хартија на прстите?
Хартијата не може да направи некоја поголема штета и повреда, но сепак и најмалите рани од неа болат.
Прашањето е: Зошто толку многу болат исекотините на прстите?
Одговорот лежи во поставеноста на нервните завршетоци на прстот. Имено, веднаш под кожата се наоѓаат рецептори за болка во вид на нервни завршетоци и истите испраќаат директни пораки до мозокот.
Тие испраќаат сигнали во однос на тоа што се случува со надворешната околина: какви се промените на температурата, дали има некакви механички промени или дали едноставно состојбата на кожата е загрозена.
Кога ќе се пресечеме тие сигнали се засилуваат и нив ги перципираме како болка.
По таа логика, колку е поголемо оштетувањето толку поголема ќе биде и болката, но тоа не е така.
Одговорот е сосема поинаков. Погледнете го видеото и откријте во што е тајната на мачните болки од посекотините на прстите.