Цел свет ја бара двојката која се вери на врвот на Ајфелова кула!
Џен Херд Бон неодамна била во посета на Париз и се искачила на врвот на Ајфеловата кула заедно со својот апарат. Токму таму уловила едно запросување на мистериозен пар.
„Го видов момчево како и предлага брак на својата девојка во неделата на врвот од Ајфелова кула. Сакав да му ги пратам фотографиите, но бев заглавена во редица луѓе. Помогнете ми да пронајдам било кој од нив двајца“, напишала жената споделувајќи ги спонтаните фотографии.
Saw this guy propose to this girl on the Eiffel Tower Sunday 6/21/15 wanted to send them the pics but was stuck in line. Help me find them!
Posted by Jen Hurd Bohn on Wednesday, June 24, 2015
Постот на Џен веќе е споделен илјадници пати од различни корисници на социјалните мрежи, но од парот нема никаква трага.
Ова се фотките кои заслужуваат да си го пронајдат патот до сопствениците: