13 разлики меѓу машкиот и женскиот мозок
Иако некои луѓе цврсто веруваат дека разликите меѓу важите и жените се благодарение на културните и општествени разлики, истражувањата покажуваат дека тоа не е секогаш така.
Постојат одредени разлики кои имаат биолошка основа и кои лежат во самите физиолошки разлики меѓу мажите и жените.
Ова се 13 разлики меѓу мажите и жените кои имаат биолошка основа:
1. Жените се оние кои го употребуваат умот
Истражувањата покажуваат дека мажите ја употребуваат левата хемисфера за процесирање на информациите додека пак, жените се поуспешни во употребата на двете хемисфери.
2. Мажите имаат поголеми мозоци, но тоа не ги прави попаметни
Во просек големината на машкиот мозок е за 10% поголема од женскиот мозок, но ова најверојатно е така затоа што и физички мажите се за 10% поголеми од жените.
Иако мажите и жените се добри во различни сфери, крајниот резултат е дека нема големи разлики на стандардните тестови на интелигенција.
3. Мажите се нешто подобри во математика
Мажите имаат нешто поголем дел кој е одговорен за математичките способности одошто жените. Истиот тој дел кај малите момчиња созрева 4 години порано отколку кај девојчињата.
4. Женскиот мозок е подобар во јазици
Наспроти машкиот мозок кој е подобар во математичките способности, кај жените развиен е оној дел од мозокот кој е одговорен за јазичните способности.
Овие делови созреваат 6 години порано кај девојчињата отколку кај момчињата.
5. Жените се поемоционални
Ова веќе е добро познато. Кај жените многу повеќе е развиен оној дел од мозокот кој е одговорен за емоции што им овозможува искусување на поголем спектар на емоции.
6. Жените чувствуваат повеќе болка
Кај мажите и жените различни делови од мозокот се активираат при искусувањето на болка. Притоа, кај жените се активираат оние делови кои се поврзани со внатрешните функции и органи и кои предизвикуваат чувствување на подлабока и посилна болка.
7. Мажите подобро се ориентираат во просторот
Мажите се многу подобри во ориентирање во просторот и управување со предмети во просторот и 3D објекти.
8. Мажите многу повеќе страдаат од невролошки заболувања
Поголема е можноста кај посилниот пол за развивање или раѓање со болести како што се аутизмот или нарушувањата на вниманието.
9. Жените страдаат повеќе од растројства на расположението
Машкиот мозок многу побргу го создава серотонинот што објаснува зошто жените се поподложни на депресија.
Многу поголема е веројатноста дека жените може да страдаат од промени на расположението.
10. Машкиот и женскиот мозок имаат забележителни разлики уште од 26-тата недела од бременоста
Уште во 26-тата недела кај женските бебиња се формира оној дел од мозокот кој ги одвојува и синхронизира левата и десната хемисфера, а ова објаснува зошто подобро ги употребуваат и двете хемисфери.
11. Кога станува збор за интелигенцијата кај машката популација почести се екстремите
Кај мажите има поголеми варијации во интелигенцијата и почесто се забележуваат оние екстремите како генијалност или идиотизам.
12. Жените подобро се справуваат со стресот
И на двата пола неопходно им е создавање на хормонот окситоцин при стресни настани и ситуации.
Кај жените тој се врзува со естрогенот и има релаксирачки ефект, а кај мажите се врзува со тестостеронот и ги прави повеќе агресивни.
13. Мажите многу послабо ги контролираат импулсите
Оние делови од мозокот кој се одговорни за контрола на бесот и агресивноста се поголеми кај понежниот пол отколку кај посилниот. Тоа го објаснува зголемениот процент на насилство кај мажите.