Млад пар продал сè што има и со парите патува низ целиот свет
Млад пар се одлучил да ги напуштат своите работни места и да го пропатуваат целиот свет со брод иако дотогаш никогаш не се качиле на брод ниту пак крстареле.
Мет и Џесика во 2008-та година откако заштедиле доволно пари за бродот од нивните соништа, ги напуштиле своите работни места и цели 3 години се подготвувале за крстарење.
Откако го напуштиле своето родно место Гранд Рапидс во Мичиген на 12 август 2011 година никогаш повеќе не се вратиле и досега посетиле 16 земји.
Од шаренилана на Јужна Африка до тиркизните води на Карипското море, парот досега има посетено многу прекрасни култури и најубавите локации на Земјата.
Бидејќи сакале крзнено пријателче кое деновите ќе им ги направи потопли и позабавни, во 2012-тата година решиле да посвојат мачка која ќе им се приклучи во авантурите.
Денес мачката Џорџи е една од најпропатуваните мачки со 13 посетени земји. Дури научила и да плива.
За да спречат неочекуван инцидент, тие на неколку начини се имаат погрижено за нејзината сигурност.
„Одлично и оди со крстарењето и е далеку постабилна на своите шепи од ние на нашите нозе. Обожава да седи на палубата и да ги гледа рибите кои пловат покрај нашиот брод“ - вели Џесика.
„Откривме дека може да плива кога скокна од палубата во Гранд Кајман и повторно се качи назад на бродот“ - додава таа.
Пред да се одлучат за нивната авантура парот бил добро ситуиран. Мет работел како Менаџер за продажба во компанија за продажба на коли, а Џесика била платежен специјалист во авто-осигурителна компанија.
Со продавање на се што претходно поседувале, заштедиле доволно пари за да го купат бродот и да имаат доволно пари за патувањето.
Во просек трошат околу 700 фунти месечно за гориво, храна, одржување на бродот, осигурување и многу други работи кои им се секојдневно неопходни.
Имаат и свој блог mjsailing.com за оние кои планираат да имаат и своја лична океанска авантура.
„Нашите животи беа типичен Американски сон. Училиште, брак, куќа, кариера. А сега не ни недостига и последниот дел, деца. Предолго ги минувавме деновите по работа пред телевизор, а сега правиме нешто што не прави среќни“ - објаснуваат Мет и Џесика.
„Крстарењето е одлично за нашата врска. Посилни сме од било кога. Дури и тогаш кога постојат расправии бргу се разрешуваат бидејќи кога си на брод соработката е најважна“ - додаваат тие.
Заклучуваат дека се одлучиле за остварување на нивниот сон бидејќи не би сакале да бидат како повеќето парови кои од многу причини чекаат до пензирањето да ги остварат соништата, а тогаш е предоцна.